Golden king chess standing and silver king chess falling on chess board.

МАЛИ ТВОРБИ

Александар Пулејков

Triangle Frame
Yellow Triangle
Corner Marker

МАЛА ЗБИРКА ТВОРБИ

Скопје Мај 21, 2021 година

Александар Пулејков

Александар Пулејков

Помина ли преку 100,

првиот и последен,

секогаш е бројот еден...


Александар

Не знаеше ни Пијанистот...


Во утрешниот лов, во Ресторанот седеа ловецот и пленот, разговараа пополека, пивнуваа по голтка црвено вино а Пијаното беше на истото место со бело-црната клавијатура.


Дури се гледаа радосните насмевки и смеата кои се разлеваа низ Ресторанот...

Беа ловци, вешти и незабележливи, не како Пијаното кое не се помести од своето место ниту клавијатурата која и натаму остана црно-бело црна.


Александар


Posted 29th January by Aleksandar Pulejkov

АКО ДОЖД СНЕМА

Ја здогледав како стои на еден камен покрај крајните езерски бранови.

Светеа во очиве три бои на сонце, пурпур, плаветнило јасно, и жолтата згасена златна…

Гордо стоеше, скоро и да не се покрена а одеднаш слушнав глас од пој, затрепери дури и езерската шир.

Исчезна сета бука оставајќи го звукот од пој да трепери тивко низ сводот заплискувајќи ме со природата на пурпурниот тробоен отсјај од песната и тој од неа пој.

Во миг исчезна од видот, оставајќи ја песната да ѕвони и сјае со пурпур од три бои.

Таа како птица, ни крилјата ги отвори, ни гласот го разлеа во песна, а песната остана над езерската шир да едри и го покрива воденото небо под неа. Исчезна а пак е тука, негде во далечна далечина, а блиску …

Птица ко пламен, ни таква жена не е рамна на таа искра што незнајно пламна.

Беше ли таа или беше пламен, еднаш роден, по втор пат престорен во камен.

Заплискаа езерските нитки, од каменот сторија пламен,,, си реков.’


ќе дојде и тој час оваа птица,

жена од камен претворена во пламен,

брановите нитки да заплиснат во нас,

низ светлите бои и птичјиот пој,

над водата во шир и целиот свод ко пчели во рој,,,

Бастунот ми падна од рака,

останав само на моите два крака.


Како шестар со една рака, сем кругови и линија права со него што се прави,

низ патишта што ме води, низ мирни и бурни води,


не ќе видам повеќе во животот што е мака...


Со рацеве две, без бастунот и само со двата крака,

во патишта безброј патот е еден,

живот еден без двојник отсекогаш повеќе бил вреден.


Александар Мај 28, 2023

Коњи боси, трчаа со ветерот што ги носи.

Затрчав и јас, затрчаа во ветерот да ги стасам, и не ни поверував дека во нивниот кас подобро било заедно со нив да трчам и јас.


Не беа потковани, а трчаа лесно, и заедно, и во хармонија со ветрот, па пополека, гледајќи ги во нивните движења започнав да ги следам и да се обидувам да навлезам во хармоничниот бран на движењата низ дивата природа...


Природата се повеќе ми стануваше дива, питомо пријатна во следењето на дивите коњи, онака непоткован исто како и тие..

Не се откажав од трчањето заедно со нив, дури и не посакав тоа да го сторам, па дури се уплашив дека ќе излезам од овој хармоничен див и опасен кас, пополека пристапувајќи со нив низ полесно, лесно галопирање во дивината.

Во еден миг од стадото коњи се издвои еден пар, малку настрана, и почна се повеќе да се приближува кон мене со некаква претпазливост која ми изгледаше како некаква опасност...


Помислив; ќе се приближам јас до нив, ќе јавнам еден од парот, потоа веднаш ќе слезам и ќе го јавнам и другиот...

Знаев дека беа ждребици, каскаа заедно двете, рамномерно и еднакво складно, а и се зачудив кога, приближувајќи се до нив, беа мирни, мирно трчаа, и подзастанаа.

Заедно со нив подзастанав и јас,,,


Едната, гледајќи ме во очите, видов дека верува во моите, па онака, како јавач на диви коњи, ме пушти да се качам и заедно да продолжиме во уште полесно трчање низ природната дивина вдишувајќи ја заедно,,,

Целиот ритам во таа хармонија од дивината не водеше некаде, по некој пат кој спокојно го пратеше таа,,,

Трчајќи јаваше лесно и хармонично, водејќи ме во дивината без да знам дека џокејот е таа, а не јас...

"

memento

Да, и тие ждрепци кревко со ним бдеат,

ОДА нему му пеат, кој од срце свое пред окото што гледа на видело бело,

ги вознесе и здаде пред очите свои,

женскоста едра во сите топли бои.

А каде гледам, што ми се стори,

гледам, гледам а низ поглед радоста ми збори’


ARS INTER VIVOS

Објавено Февруари, 20 2017 "

Александар

Низ едно патешествие, трагајќи по целта, се како да требаше да напишам уште еден збор за да стасам на местото каде извираше целта, па пишувајќи за изворот кој излегуваше од мене дојдов до таму, таму каде ја бев зацртал целта...

Наидов на КАРУСЕЛ, постојано се врти, ниту знам каде почнав, ниту знам каде ќе заврши тоа кружно движење во сферата кон целта каде тргнав да ја допрам...


Само што завршив, почнав....

Го оставив КАРУСЕЛОТ надвор од стремежот, нека се врти, а и веќе влезен таму, само што ќе стасав тргнува повторно.


Како настана, така во исто време згина, па ја замислив линијата како ПАТИШТА од КАРУСЕЛОТ со еден почеток и еден крај, две точки на едно место, од почетокот од каде тргнуваат, се спојуваат во својот почеток кој значеше во линијата точка - од линијата крај.


Posted 9th January by Aleksandar Pulejkov

Се движеа сказалките, се движеа двете.

Двете во цел видокруг,

заедно и еднакво брзо...

Ги погледнав, застанаа двете,

секогаш се движат, знам за ова уште кога бев дете...

Седам, седам и ги гледам!

Неподвижно стојат, времето не го бројат!

И без да го бројат, самото тоа стои,,, нема број што може да се брои!

Во мигот ми исчезна негде,

дали ќе се врати, иLи ,,, иLи...не ???

Пак погледнав во часовникот:

ништо не се скрати, мигот нема да се врати !!!

Сказалките се движат, во времево стојат,

како ли исчезна, без пред да исчезне кај мене да дојде...?

Ловец со стрела, не е еден - двајца се,

две стрели со два лака,,,

ловејќи миг, и две стрели со два лака,

не ќе можат да застрелаат ниту една од сказалките,,,

- време со два кружни крака...

Некаде далеку, далеку на часовникот пред којзнае колку кругови, започна да врти сказалката нанапред.

Ми го правеше денот подолг од еден двоен круг и ме туркаше во трк да ја стасам, да се преклопам со неа за да се движам низ времето што го мери еднакво со неа.

Не можам да ја стасам.

Исцрпувачки обиди да одам во нејзиниот чекор ме фрлаа во се подалечен и подвоен расчекор, но продолжив не можејќи да ја вратам сказалката наназад и да ја спојам со мојот движечки од.

Како да бев во вода втурнат во вир кој ме влечеше се подлабоко и подлабоко од површината на водната шир.

Се дрзнаа и ветриштата да ја брануваат водата, а во мене сеуште гореше оган кој ме тераше да го стасам часовникот, да излезам од вирот, да влезам во моето избегано бреме небаре таму било поинаку.

Природава ли ме клава во овој трк, секому ли го мери со сказалките поривот да ги стаса па заедно со нив едно двојно едновремено насочено спокојство да го поместува миг по миг во неосознаените неизмерени движења.

Се свртев одеднаш наназад, а скзалката продолжи да оди напред и да бега небаре ќе продолжам да трчам по неа.

Нека оди.


Во слепилото барајќи очи, застанувајќи видов, вртејќи се наназад, како часовникот не ни го влечел дострелот кон кој итав, а тој, тој бил вгнезден во мене во една мирно неподвижна пространа временска тишина, тишина од сознанието за часовникот кој оди по нас, а не ние по него, оди и напред и назад а всашност нити се движи ниту нешто мери ниу пак не придвижува на тој трк по неумитното поместување на неговите сказалки.


Броило!


Не можеше веќе да ме движи во непроменливата временска тишина а јас, јас продолжив онака како беше за мене потребно да итам, излегов од вирот кој ме фрли од дното на водата надвор, и почнав да го дишам, незабрефтан, воздухот од природата кој и понекојпат беше се што ми е потребно.


Во еден ден ми се зби една година а во неа долго време на итање по тактот на часовникот кој го напуштив без ниту да трепнам со окото.

Часовникот продолжи да мери, јас останав тука курдисувајќи го секој ден како би се сетил дека продолжил да мери.

И така, и вака, времето не бега.


Застани во безвремената просторна тишина, ништо не ќе ти тежи, ништо нема да те стега.


Александар


Април 3, 2022

Го затвори под агол брегот што го крие,

миризлив и буен го покри за никој да не врие.


Бујни и едри останаа бреговата нива

и бедрата од риба без коски што плива.


Занес, залез, сонце ,страсно витло низ крвта и тече,

бујно е, со сокови низ крвта ја влече.


Врелина ја обли во страста од камен,

капка од роса и зароси коса, окото и игра,

усните се грчат, воздишка од сласт се разлеа во пламен.


Жена од жезол во езгрото врие, ми навира плач кој не ќе се скрие!


Александар

Седеа тројцата на столот.

Го зема шпилот од карти, ги измеша, и повторно го стави на столот.


Подалеку, од страна, таа гледаше седејќи на удобен стол, чекајќи да почне играта,,,

Муштиклата, онака долга, ја држеше со левата рака и пополека вовлекуваше од цигарата, а од време на време ќе ја приближеше чашата до усните и ќе ги натопеше со голтка од црвеното вино.


Удобно седеше и ги набљудуваше тројцата, сакаше да гледа како се игра покер.

Создаваше возбуда и страв кај неа, цело време додека играа покер со картите, кога се делеше карти, кога наддаваа, за на крај од секој круг да се напие голтка вино, тогаш кога ќе ги видеше картите отворени, или слики, или бројки,,,

беше сеедно за неа.

Потоа ги набљудуваше играчите, нивниот израз во ликот, треперењата на јаготките од образот, рацете, нивниот ритам на дишење,,,


И почна,,,

дилерот започна во првиот круг да дели карти, по една секому и така секому толку карти колку што бараше покерот...

Не знаеше никој од тројцата какви карти се во рацете на другите двајца,,, си мислеше таа и повлекуваше од цигарата за во ритамот да се напие голтка од црвеното вино.


Влогот беше висок.

Две десетки,,, рече првиот во кругот,

Тројка и Ас,,, рече вториот,

Третиот во кругот молчеше, стана напнато, па по некое време, набрзина и смирено го крена влогот:

500 стотини...


Крал и деветка,,,


Низ неа играше некоја страст, па за да ја угаси вовлече од цигарата и се напи уште една голтка вино...

Ја обземаше чувство на возбуда, далечна немирна мисла, неугаслива желба, потреба од сон на бујната мечта...

Се побрзо посакуваше играта да заврши,,,


Вториот,,, уште една 1000 над тоа...

Третиот,,, плати уште една илјада веднаш, и не рече ни збор...

Првиот застана, се помисли, го погледна парот и ги фрли картите долу...

Се повлекувам...


Таа ги гледаше двајцата, очекувајќи што ќе отворат од затворените карти..

Како да помина една година во таа минута во исчекување, и набрзо виде на масата како нејзината скриена возбуда се спои со нејзината страст, трепетот и престана и:


Вториот,,, уште две тројки и петка...

Првиот,,, два кралеви и уште една двојка,


не чекајќи ниту еден миг го зеде целиот влог, картите ги собра дилерот, а таа, од страна гледајќи остана целата влажна на усните и од чувствата и црвеното вино кои го завладеаа целото нејзино тело.


Одеднаш се снема.... немаше веќе ништо.

Таа седеше во семејниот дом заедно со својот избраник и нивните деца.

Седеа во кујната, каде се беше убаво спремено и така уживајќи во семејната вечера раговараа за училиштето, за убаво спремената храна, за студиите, за работата, за дворот со цвеќе, и сосем пополека секој пробуваше од се што имааше на столот.

Зборуваа па можеби еден час, како да зборуваа цел еден живот...


Таа стана, задоволна, и отиде во другата просторија да донесе и колачи,,,

Патем, таму го виде шпилот од карти, го погледна, го зеде и извлече една карта свртена со грбот за никој да не ја види,,,

Ја погледна, ја преврте и повторно ја врати во шпилот.

Окото и заигра, патем враќајќи се со колачите и не помисли на возбудата што веднаш згина, седна со своите на масата каде сите заедно продолжија да се смеат, радуваат и уживаат во овој свет поставен на стол...


Одеднаш се снема.... немаше веќе ништо.


Се беше темно, светлата пополека почнаа да се палат низ чувството од пригушено кон сјајно,,,

На бината се појавија двете сцени, немаше никој,,, се беше мирно додека не излезе таа, кралицата-дама и актерите од двете сцени,,,

една до друга, една со друга и една во друга...


Длабоко се поклонија, побликата, целиот аудиториум, сите задоволно ракоплескаа,,,

Во театарот беше полно, се прожимаа чувства изразени низ ракоплескањето на длабокиот поклон од сите што се најдоа на двете сцени...


Завесата пополека се спушти,

публиката почна да излегува во жагор, за најпосле театарот да остане празен,,,

останаа само двете сцени,,,


Александар

Двое друзей, прогуливаясь днем, вернулись домой поздно.

Был уже поздний, поздний вечер, и они сказали друг другу: Мы собираемся исцелиться сейчас, или мы собираемся получить что-то еще в разговоре?

Другой говорит ей: давай спать!

Потом они оба легли в свои мягкие постели,

Одна закрывает глаза, а другая открывает их, чтобы увидеть Млечный Путь, сияющий в окно в ту темную ночь...

Она видела луну, она знает, что луна защищает ее, она знает, что снаружи дует ветер, и она знает, что звезда сияет

оно недалеко и там оно сияет, сияет и всегда постоянно.

Она пытается уснуть, открывает глаза, чтобы не смотреть на подземелье, так начинает видеть темноту, как проходит коза исона и выходит из окна, как она дает или забирает свет через луну, не только ее - всех!

Она знала, что луна ее оберегает, она ни от кого этого не скроет...

месяц ничего скрывать не будет, сказала...

История разговора двух существ, как днем, так и ночью.

Дарья дарит, Дарья дарит, Дарья красивая...

два духа, одно сказочное, благодатное поле....

каждый мечтает о каждом сне.

Dve prijateljice setajuci danju, vratise se kasno kuci.

Vec je bilo kasno, kasno vece i jedna drugoj rece:

ocemo li sada leci, ili cemo nsto drugo u razgovoru steci?

Druga joj kaze:

ajmo da legnemo!

Onda obedve legnuse u svoje krevete meke,

Jedna zatvori oci a druga ih otvori da vidi kako kroz prozor sjaje mlecni put u toj tamnoj noci...


Vidjela je mesec, zna da mjesec nju cuva, zna da vetar napolju duva i zna da zvezda sjajna

nije daleko i tamo sija, sija i uvek je trajna.

Pokusa da spava, otvori oci da ne gleda tamnicu pa poce da gleda tamninu kako koz isona prolazi i iz prozora dolazi, kako kroz mesec ili svjetlo daje, ili ga uzima,,, ne samo njoj - svima !


Znala je da mesec nju stiti, to nece od nikoga kriti...

nece mesec nista kriti-rece ona...

Prica o razgovoru dva bica, i danju i u nocnom dobu.

Darja dariva, Darja daruje, Darja krasiva...

dva duha, jedna skazna, plodna njiva....

svaka svakoj snove sniva.

Sto putevi nama pisu, sto to bjese sto to tako ljudi grese, i kad grese i tada se smjese.

sta god bilo,,, sta ce biti, to od sebe niko nece znati skriti.

Citao je kako negde pise: nikad vise, nikad vise...

Rece sebi:

Jeli gavran rece ovo Tebi ko i samom sebi?

Vidjese se oka dva, kad ih vidis,,, nema zla - jel to rekoh sebi ili rekoh tebi?...

rece gavran necujno i samome sebi.

Idi sada - poletese dva krila, cudna noc se zbila,,, govoreci gavran sebi, ne, drugome i reko ne bi.

Kad izade sotona iz crnoga mraka, davo kad pocne da svira - zapuhace svetla tama, svetla i stalno sa nama - ona nikad nece biti sama...'

'rece gavran...

Pogledah ga, i jos jednom,,,

uistinu, taj od tamnine crne strah, svelost ga zbrisa odjednom i u isti mah.

Rekoh sebi ili to rekoh tebi - rece gavran u mislima svojim, govoreci nemo da bi misao dosla tamo gde je svetlom odsaljemo,,,

Put ostade kakav jeste, nema vise ni zraka od crnoga mraka,...

'nikad vise...

Nikad vise, ne, gavran ne laze,,,

nikad vise,,, sve je mirno i sve tise....

S koje strane i da budes' sve je isto - gavran srecu uzeti ti nece,,,

sa njegove i tvoje strane duh oboje lik im krasi...svetao je i prez dan i po noci,,,

I zivot i srecu- ne samo njemu, i njemu i samome sebi,,,

nece uzet ono sto je dato Tebi,,,

Rece gavran,,, nikad vise, nikad vise...i oblaci i tama odjednom se skrise.

Седев во чамецот, ги држев обете весла, а водата, водата мирна и сјајна без да трепери од макар мали бранови немаше крај, сем во хоризонтот што ја двоеше една линија од сводот на небото.

Небо, целото светло и плаво пронижано со мали облачиња беше мирно, сем што пополека го движеа тие облачиња некаде во непознато...

Зраци од сончевата светлина прожимаа низ облачињата и стрелаа во моите очи со блесок кој ме заслепуваше.

Па веќе можам да тргнам во непознатата далечина за да го сретнам хоризонтот прекршен од мирот на водата и плаветнилото на небесниот свод.

Тргнав, почнав да ги движам веслата со двете раце во ист ритам како и облачињата што го движеа небото,,, пополека, тивко, да не чуе природата како веслата ја сечат водената шир.

Минав така долго време, долго колку мислата ми ја претечуваше сенката од малото стапче со знаменце движејќи се сосем пополека, но движејки се дури не се поместив од местото каде почнав да веслам,,, сенката пак од малиот јарбол скоро да направи повеќе од четвртина вртејќи или надесно, или налево...

не можев да спознаам во таа водена шир кон каде ја движат сончевите зраци.

Одеднаш во оваа глува шир, плаветнило и сјај отпочна да дува ветре,,, се претвораше пополека во ветер кој благо и пријатно се насочуваше де во еден, де во друг правец...

Чувство на пријатен спој на се околу мене пронижено со ветер ме облеа како свежа капка дожд во сончева жега.

Знае природата да создаде восхит, не пушта да спознаеме мир во немир, радосен од безнадежен птичји клик, изненадувачки восклик....

Не чувствував потреба од итање да ја стасам што побргу далечината,,,

знаев и пополека а и брзо и побрзо да ја сечам водната шир, таму кај тргнав ќе стасам, природава не ме остава побудата ниту да ја пламтам, ниту да ја гасам.

Се сетив на моето шамивче кое стално го носев, четвороаголно преклопено преку себеси.


Имаше во него капнато и солза радосница, и солза од бол, и солза од јад, од животот во склад и во несклад.

Го отворив целото, стана мало едро, ги кренав веслата, го зедов со двете раце и го раширив кревајќи го над мене,,, јас јарбол, тоа едро...


Дувна ветерот...

Му се препуштив нему држејќи го моето едро во рацете.

Почна, и без да знам, да ме води низ водената шир онака како дуваше во смерот кој го давав со моето кормило.

Ветерот беше добар за пловидба водејќи ме кон пресекот на хоризонтот каде гледав водата како плива а небото во неа се слива...

Тој продолжи да дува, јас продолжив да пловам,,, правецот да го ковам.

И водата, и огнено сонце, и копното зад мене и ветрето што едрото што дува, во мир и во немир ко природата не чува...

Не ја оставив никојпат тишината глува,,,

Каде си? Не Те гледам!

Се запрашав каде ли сум качен на овој рид, стасан како на устата на оној Рт како ќоше збиено во еден агол во точка.

Стаса ли?

Слушам некој зборува. Слушам а не гледам со очиве што слушам. Погледнав низ нив, гледам призор на ветка од гранка, свиткана гранка надолу, надолу во убав плаветен свод во трепет од ветре што пирка, а зад неа едно тивко сонце во жолтило, започнало да се крие и пропаѓа да ја пушти темнината да завладее на сводот.

Пополека започнаа да трепкаат бели точки, штурците занемеа а гранката, свиткана, мислиш ќе се скрши, се ниша во трепет од ветерот што низ ветрето ја пирка.

Стана тивко.

Влегов во тишина.

Излегов од мислата, телото го тргнав и продолжив во мир неподвижно да седам раздвоен, да седам во молкот на ветерот и темнилото, точките што светат и ветката со свиткана глава.

Ни долго, ни кратко, се снајдов лесно во тој миг, се најдов во агол и една точка а одеднаш молсна молскавица негде далеку од погледов во очиве, молсна без глас за да пламне едно огне, мало огне за да зашпара низ тишинава, да се стори во оган, во огна два, за да засветли низ темнинава без да го сметне молкот.

Почна да роси.

Рој од капки ја оросија ветката, ја оросија за да стане водена, а таа натежна и тивко продолжи да се ниша. Слета на неа една птица, птица вечерница и пак прсна молскавица, ја истера птицата, ја принижи ветката, го запали огнето, ја исуши капката роса, роса во ројот што дождот го ниже.


Надвор од мислата и телото мое, гледам, молкот пак е тука, тишината е без бука, ветрето пак пирка, темницата ко светло блика.

Ветката низ ветрот и оган, капките рој, ноќни птици без пој, молскавица-јатаган дур пукне ко ќе светне до три број, не се скрши.


Убава панорама, ветката и во вител се правела сама.


Мај 7, 2021

Е мој стари, е мој Пуле, а и Ти Зага, мајко моја драга.

Од дамнина Вас Ве гледам само кога над Вас китки свежо цвеќе редам.

Ко водата коритото речно што го рони, тивко ко да сака спомените вдахновени во водата да ги срони. Ја гледам како мирно плови, тече, коритото го сече.

Фрлив камен во неа, од една точка кругови во безброј, бесккрајот е тука, а до него споменот, споменот е тука.

Часовникот не престана да чука, тиха длабочина, ширна широчина, ме држи горе да не паднам во длабочина.

Не ни знаев дека и јас во реката пливам, по текот нејзин пливам, внимавам, внимавам да не скривам.

Како искра гасне, така пламен расне...

Се ко ќе се сетам, денот од вчера отсекогаш е утре, мислата не ми бега, споменот во коштец ја држи и ја стега.

Ко денот ноќта ќе ја смени, се ти било ден, и ноќта без ден не ќе беше сјајна.

Ко денот ја пушти за да дојде, бодра е, спомените во кругови ги шири, ко струна на цимбало што свири.

Нека бистра вода тече, низ корито нека плови, зракот светол, звезда сјајна, светол спомен, светол спомен го чувам во тајна, таа тајна само мене ми е знајна.


Фебруари 20, 2021 година

Седеше на залезот од сонцето на терасата во кафулето ведро насмевната, држејќи ја во својата рака чашката од коктелот како да очекуваше некој да дојде.

Острите секавици во очите ги ловеа сите минувачи како да сакаа да ги проголтаат нивните мечти.

Беше млада раскошна и женствена фигура отсликана во залезот,сама и похотна постојано барајќи го сончевиот зрак кој бегаше неможејќи да го улови.

Здраво Анела...седна до неа а таа како да не го препозна.Ги крена сончевите очила и го избистри погледот.

Здраво, не Те познав,како си?

Ведар денеска....

и така поминаа во обичен разговор се до стемнување кога неговата седа коса стана темна небаре била таква отсекогаш.

Анела,самоуверено изусти, што велиш да ја поминеме вечерава заедно на лесна вечера?

Баш Би сакала во Твое друштво,и онака момчето спрема испити.Се согласувам!

Тогаш ќе поминам од кај Тебе во 9,00 часот...и го погледна својот Cartier.Ќе биде забавно.

Важи во 9,00 часот,Те чекам, а тој влезе во својот џип ја поздрави и отиде.

Стана,го испрати денот чекајќи ја ноќта како и секој ден,со возбуда и радост во нејзината закрила и си отиде.

Веќе можеше да се слушне разговорот во кафеаната помеѓу момче и девојка,неформално и пристојно облечени.

Баш Би сакала да отидеме некаде на викенд,што велиш?

Па да,веќе немаме испити а и случајно дојдениот хонорар ќе ни допушти!

Супер!....го прегрна,платија и станаа весело чекорејќи низ темнината обоена со светло во различни бои.

Созвездието како да се опсипа со кротка нескриена благост и возбуда замаена од природата и надвисна над љубовта на она девојче и момче седнати до Анела.

Но таа отиде пред нив кон поривот на својата нескриена радост без да се допре до благоста на звездата што сјаеше во една боја.


Март 16, 2014

Го здена конецот во иглата, го стави напрстокот, го зеде парчето седефно црно платно почнувајќи да работи со тие изгужвани прсти од рацете прожимајќи го еднаш надолу, па од долу нагоре.

Рано утро, тукушто изгреало сонцето за да се гледа каде иглата да се провре за да го отвори сводот на плаветнило и да го спастри седефното парче платно за токму да прилега за таа млада убава госпоѓица да засјае со срмата и бисерите околу вратот.

Згужваното лице не се обѕираше на мојот поглед и молкот во кој пратев како иглата ниже за да потоа ги земе ножиците, две-три мери подолги од мојата шака обликувајќи го дамското елече за младата госпоѓица, за да се промени над него со срма и мали бисерни зрна околу вратот.


Кројач...

Како ножиците да беа поголеми од неа, згужвано непеглано лице, и таква седна на машината за шиење почнувајќи да поигрува со педалата на дното од машината за да го сврти колцето и започне да го шие срменото црно седефно елече, да биде убаво, да биде токму дамско, токму за да ја промени младата госпоѓица како прилега.

Го сакав тоа згужвано лице, поток од кој извираше добрина што ме начнала уште непрокопсан и така остана во мене да тече и да ме крои каков скроен останав, каков ме здале, каква ја гледав таа мала-голема кројачка што дента го скрои тоа убаво црно дамско елече да ја промени младата госпоѓица во одежда за срмата да сјае а бисерите да светат.

Ме скроија и мене тие згужвани прсти, тоа збрчкано лице меко ко седеф оставајќи ме да течам ко потокот од нејниот извор што тивко и нечујно се лелееше течејќи кон крајот до почетокот на колцето кое непрестано се врти.

Мојата Голабе ме соши и искрои во костум скрен од тој извор на капка што бујни потоци раѓа, оставајќи ми ја иглата за да ја нижам таа нитка и да го кројам коритото на тоа поточе што тече ли тече.

Си помислив, Кројач било лесно, ко фатив со иглата и ножици за да кројам, од капката рој од капки не можев да бројам.

Ми се пристори тешко, ми се посака со лес и јас да кројам а потокот ме нанесе на низа од сошиени копци кои тешко и ден денес ми е да ги бројам.

Премрежје...


Скопје Јануари, 3 2021

Part 41. Kralj Lear

Kad sa oka moga dve su suze pale,,, obe su mi sunce pred ocima zrakom sjale ,,

dve kapi od poroda moga, moje kceri dve, te devojke, to je meni sve,,,

Ja ne trebam glumit, ja trebam zivit ...

Surovi korbac, radosna bol, radosni plac,,,

Koracam dan da uhvatim drugi, sve je isto i na javi i u snu,,,

idem stalno gore, sve do gore pa ka dnu, bolje biti stalno u svojemu snu,,, jer u mom zivotu stalno sam na dnu.

Ove moje kapi srece i da hocu, nikad iste biti nece....

Hvala Vam Maestro

Maestro pa Јa :

Да знаеше времево да збори, ќе речеше од денов година се стори...

што ли стори овој камен, распукан ко сува дланка, изгорен во жар од пламен,

како' исцедив од него капка солза, капка од мугрите роса...

тој, тој пак останал стасит, исправен и кон небо и од долу нагоре рамен,

не е скршен, не остава достојно да постане срамен...

срамен, скршен камен, распукала танка нитка, танка е но не е плитка...

дивина дива, природа жива, каменот стои...

каменот не може време да го брои....

број до еден не ќе можеш да продолжиш до два,,, тоа сме само каменот и ја .,

Паљачо, се смее кралскиот ред...

Дворска луда, се смееме, се смееме ко да кажува севишни гротескни чуда.

Се насмеа некој на глас,,, гласот стивна, паљачото седна и здивна,,,

гледачите не знаеја во огледало дека окото им гледа, во тоа огледало де се видат сите,

не биле ни едно од трите...ниту смеа, ни радосен клик ни бучниот победнички вик,,,

Се гледаат без да знаат, се гледаат себеси, се гледаат себеси сите,,,

Паљачото зеде железна кука, куката се насмеа на едно криво дрво...

огледало повтор во ракате заде, го заврти и се виде себе;

таму зад себе насмеана кука на кривото дрво,

како и да свртиш се гледа заднината прво,,,

кука ли е или криво дрво,,.


Скопје Јуни, 27 2020 година

Бледа сенка ме водеше во тој убав залез на сјајот од сончевите зраци, зајдисонце....

Пополека ја следам, ја гледам и итам да ја стасам, да ја фатам, но итајќи таа како да не се движи туку стои пред мене и онака како чекорам ја гледам како е скаменета долу на земи, скаменета неодвојна од мојот телесен облик.

Ликот не можам да го видам, гледам само една сенка, недостижен стремеж да се заменам со неа,,,

Нека се скаменам а таа да се движи онака како јас, секогаш сакам да ја следам од временското мртвило но никогаш не ми успева...

Залез, бледа сенка, зајдисонце, се повеќе се темни и станува јасна, јасна да ја видам како себеси ме гледа, но попусто,,, не можам.

Зраци, зраци излегуваат во петлините утрински доби, ете ја пак, секогаш во времево што во место стои, не можам ни сонце ко свети ниту ноќта ко го мени денот, таа да ме следи а јас скаменет во времето што ниту тече нити плови, да ја следам како оди и се движи гледајќи ме со чемер и сенка што збори.

Јас сенка а сенката се движи и оди, мислејќи ако ме фати нешто од искон невидено ќе роди...

Тоа не ми се згоди...

Сенката е некоја тајна, мене не ми е знајна,,,

Без сенка да видиш како во празнило ќе бидиш.

Бисерна е и сјајна, како да спознав што е нејзината тајна.

Еден чекор, една сенка, два чекори, една сенка, трет чекор истата е, по мене оди ко за узда да ме води.

Попусто се мачам, видов како во сенката јас зрачам, и во радоост и со капка солза, се мачам да можам да плачам.

Не сум видел досега некој да се скрил од сенката своја.

Во неа, во сенката моја жезенот го гледам, сенката во чекор ме следи и чекорите мои ги реди...

Еден по еден, заборавив дека од искона сум сенка, скаменета во времево трајно ме прати ко гледам кога се е сјајно, кога ноќта тишината ја чува, кога пој од птица ќе згрми ко татнеж во тишина глува....

Сенката своја треба да се чува.

Ниту можам да ја фатам, ниту во одот да ја стасам.

Вјасам ли вјасам, де пред мене или зад грб постојано се движи, ме прати, па ни таа не ќе може да ме фати...

Не сум видел досега да ме следи место една, сенки две,,,

Едно сонце сјае, месецот е жолт, сенката е црна, погледни ја убаво целата е бела, силно сјајна ,,, па не сум бил никогаш за никого затскриена тајна...

Ме засени ведра мисла, една сенка не ме дава сам да одам, верно ме води кај и да оди, на снага ме носи и сечија секого и проклети и боси.

Ко ќе ја снема, ко некој ќе сака да ја земе, не ќе може ниту денес нит во ова празно време, да ја грабне и за себе да ја земе.

Таа е тука, тука и без мене, од неа нит се кријам нити бридам, секогаш по неа и заедно со неа идам.

И ко не ќе можам да ја видам со некого ко ќе иде, ко јас и тој што ја виде,,,

Сенка темна нема кај часовник само чука, ни имало во ова празно време, светлината никој ниту и ја земал нити може светлото од сенка да го земе.

Житно поле, сончев поглед, бистар свод.....

Земјава раѓа плодови, за нас и за сините небесни сводови. Како да не ги гледам, а ги гледам низ оково што гледа, другово ко што е природава златна гледа и во светлинава- беда. Не се во еден, одат во два реда...

Полиња златни, зраци оштри сончеви и не се матни, јарки и блескаво во ширина распространи на семожните од земјава страни... Води бујни, лисја од зеленило во златило, ко на часовник што се движи клатно, одат пополека од зелено кон златно. Бело лице цело, снегови длабоки, дождова капка свежа, пајак плете мрежа...


Лето иде, цвет буен, ниту можам што зборува да го чујам, нити бил чуен...Ја слушам тишината, колку ли зборови ми рекла, зборува и на светло и во темно... убаво е се што овдека е земно...

Длабоката мирна тишина, мислам молчи а таа ми испратила да слушнам што вели нејзиниот глас...

Вели,,, ладот е потопол од жега,,, жегата е поладна од снажен студ...ми молсна секавица, ми го збистри окото што гледа, ми го избистри и другото што знаело се што ќе ми се гледа,,,

Тргав во толпа со радост и страст,,, седам, седам и гледам... нема ништо, сам сум, само јас...

Ме обли радост, ми светна мала звезда, среќата што од дамнина ми згина, си велам и видов пред да речам,,, и ко пролет од есента ко се дели, моите капки од челово што ми се леат, што бунаров се полни, иде стојот на меѓа од есента да се дели, низ белилото бело да мине и во пролет од плодот што прв се раѓа, радосници пак да кине...

Зар крај, зар вистина е крај.... се, се' се движи низ духов мој од камен, не попусто го газам, ни јас, ни тој не остана рамен. о пајакот мрежа кога плете, ги отворам шест низ очиве мои, очите и двете,,, низ едново око ведрина од сино небо гледам, низ другово светлина од зраци со двете ја следам,,, Планино моја рудино, бакнеж до небо високо... за што' раскажуваш ти ,,,,,


Скопје Јуни, 14 2020 година

Линија права, линија исправено права,

само еден агол дава...

заедно двете ист агол ги крена од дете,,,,,


Во четири реда, тргни од почеток се дур стасаш до косата седа...

еден допир во точката гледа,

еден четврт од едно цело, трите четврти, трите четврти стасаа до бело.


Стркалан во топка од круг, не ќе има никој, никој од овје четри реда,

кој и да ги гледа да се дрзне- и да си рече “ незнам и зошто овде, овде во точка кај судорот го прават овје четри реда,

стои и не мрда ко замрзнат мрамор, цврст камен и железо врело,,,


Човек со својата коса седа. Зарем од таму се се гледа ?


Скопје Јуни, 19 2020 година

Јануари, денови како денови

нити нови, нити стари….


капка на бистро око, сјај во залез,

ни окото залез чека,

нити сјајот гине пополека…


И јануари, и оваа коса седа

од оково сјај и по залез гледа...


Го сакав јануари,

се и стално ко да вртиш пари…

ако била седа глава,

секогаш пред него фебруари ќе го става…


Од еден до десет број,

и во низа и во строј,

и прв и последен повтор стално пак е тој…


Скопје Фебруари, 2 2020

Ми се лета...

Не ма пушта судбината клета !...


...

Мислата ми летна, спокојот ме сретна...

единствена чиста тајна, само мене ми е знајна...


...

од темнината самиот светло да родам.


Скопје Јуни, 15 2020 годинна

Does come’s an end?

I have not all my days spent…!

What the day brings,

the year can not give us as many things

which one day can bring,,,

Day - one Year,

Оne day, one whole year - I say…

When will the end come …?

The whole year from the beginning until the end,

can not be spent just with one of our two hаnd…

It is easier with You,

my only friend,

the other of my two hands…

Седам во соба,

седам јас, јас и уште две три души.

Јас очи две, тие исто ко и јас,

секој од нив со по уште две...

седиме, зборуваме,

нит се слуша нити гледа,

од очиве наши да излезе глас,

зборот ни е поглед

извикан од ними исто ко и јас...

Тивко стана, никој ништо не ни' збори,

тишината никојпат не раѓала ноќни мори....

Ни утрото не ни вјаса,

радосница тивка, збор низ око кажан,

до некаде веднаш стаса,,,

таму стаса пред утрото ден да вјаса.

Низ оково меѓу двеве,

низ него дострел длабок црпам,

збор со поглед не го краде зракот,

уво,,,

уши, уши на ѕидој, уши на ридој,

има ли некој што не видел ѕид,

ѕид, колку да се руши, не останал никојпат

без своите уши...

Ѕидовите имаа уши,

страв од молк никој нема,

читам два, три реда,

сем ништавило и мизерна беда

друго ништо не се гледа.


Скопје Јануари, 28 2020

Минувам по улицата сета поплочена со мали неправилни облици од убав камен. Студено е, мене пак убава ладна свежина како онаа што ја барам кога има јарко сонце- кога е жешко.

Некаде тргнав, реков не ќе кажам никому, нкој нема да знае ! Пусто е по улицава, токму ме води таму каде тргнав ...

Го знам патот, колку ли пати го имам изодено и не е ист, никогаш не бил ист а јас одејќи секогаш го гледам различно.

Како зајдисонце, секогаш на изгрејсонце е тој по кој стално одам.

Приквечерината, јас одам, мислата ме движи, одам право и гледам во златилото напред кое пополека се бои во црно испрскано со сјајни сребрени точки...

Почна да паѓа дожд, мали капки од небо, ми стана се подлабоко во погледот напред, како небово да солзи од окото свое, мене чемер од убава радост ме врне, сам, во чекорот по камен тивко одам.

Ќе згрешев ако речев каде одам, а тргнав без и самиот да знам каде одам ,,,

Не беа патишта, беше една иста улица, ист пат, каменит и лесен ,,,

Најпријатно ми беше да одам по него сам, одејќи сам гледам слики до кои не можам да допрам, слушам тишина со одsвек на капка, ја слушнав и една капка од солза што падна од моето чело, и капката роса во мугри што се раѓа....

Се се слуша во оваа тишина глува, оваа природа што грижливо ја чува.

Одејќи така по оваа улица иста, мирна, тивка и чиста,,, за прв пат ми се стори само миг како да е улица со две лица'

Да, токму тргнав ова да го видам,,,

Ми се чини стално едно исто'''

по улицава кога одам во истиот миг една улица - две лица....

Помина мигот, преку улицата го видов мојот патец, патека не е ко стално иста...

Го знам овој премин, ја преминав улицата, тргнав од кај појдов, стасав таму од каде што дојдов'

Улицата, улицатата остана чиста...

зад мене премин, едно лице една улица чиста,,,

Овој пат го оди и низ неа води камен, камен стамен, капка, срма, златило и едно шило - да напише два три збора, едно лице а над него се друго згора.

Оваа улица тајна секому можеби е знајна, но преминот кој ќе го најде, со десет прсти и очите две, може и да не се снајде


Јануари, 7 2020

Стојам и гледам....хоризонтот го гледам,

и кога стојам и кога седам.

Ми се гледа близу,

ист ли е ко го гледам наместо да стојам, кога седам?


Ко зад него ќе застанам пак исто ли ќе гледам?

Ќе се видам ли себе да застанам одзади,

зад хоризонтот и плавото небо ?

Во огледало поглед фрли,

сврти се зад него - нема ништо,

само мојот лик во оково ми врви,

од хоризонтот себеси се гледам

седнат одзади два лика во еден ги гледам.

Па се ли е исто ?

Не ќе биде исто,,,

во хоризонтот и синото небо однапред во бескрајот гледам.

ко одзади зад плаветнило сино седам,

во оково сјај во миг зраците ги ловам,

се нешто работам, работам и ковам.,,


'ДВОГЛЕДАЛО


Скопје 15.12.2019

ЦЕЛТА Е ТУКА,

МОЖЕ ДА СЕ ПУКА!

ДАЛЕКУ И БЛИЗУ,

НЕМА КАЈ ДА ОДИ,

СТРЕЛАТА СТРЕЛА КАДЕ ТОЈ ЈА ВОДИ.

ЛАВ,

ГЛАВА И КРИЛЈА ОД ОРЕЛ...

ГРИФОН,

СЕ ГЛЕДА УБАВ СТРОЈ,

СНАЖНО ТЕЛО,

КРИЛЈА, ОРЕЛОВ КЛУН,

ГЛАВА,

ОРЛОВА ГЛАВА СО ЛАВОВСКА СТАВА...

СТРЕЛЕЦОТ СЕ СЕПНА,

СТРЕЛАТА ЈА СКРИ,

ГРИФОНОТ ГО ПЛЕНИ КО ЛЕБЕДИ ТРИ.

ЛАВ И ОРЕЛ,

ГОСПОДАРИ НА НЕБЕСНИОТ СВОД

И ЦЕЛИОТ ЖИВОТИНСКИ РОД...

СТРЕЛЕЦОТ СЕ ТРГНА,

ГО СПУШТИ ЛАКОТ СО СТРЕЛА,

НЕ ОТСТРЕЛА, .....

ВО НЕБЕСЕН СВОД СИНА БОЈА СВЕТНА,

ГРИФОНОТ ВО БЕСКРАЈОТ

СПОКОЈНО СИ ЛЕТНА...

ЕДЕН СТРЕЛЕЦ. ЛАК И ЕДНА СТРЕЛА,

ЛАВ И ОРЕЛ СО КРИЛЈА И ГЛАВАТА БЕЛА.


Ноември, 24 2019

Ја здогледав како стои на еден камен покрај крајните езерски бранови.

Светеа во очиве три бои на сонце, пурпур, плаветнило јасно, и жолтата угасена златна…

Гордо стоеше, скоро и да не се покрена, и одеднаш слушнав глас од пој, затрепери дури и езерската шир.

Исчезна сета бука оставајќи го звукот од пој да трепери тивко низ сводот заплискувајќи ме со природата на пурпурниот тробоен отсјај од песната, и тој од неа пој.

Во миг исчезна од видот, оставајќи ја песната да ѕвони и сјае со пурпур од три бои.

Таа како птица, ни крилјата ги отвори, ни гласот го разлеа во песна, а песната остана над езерската шир да едри и го покрива воденото небо под неа.

Исчезна а пак е тука, негде во далечна далечина, а блиску …

Птица ко пламен, ни таква жена не е рамна на таа искра што незнајно пламна. Беше ли таа или беше пламен, еднаш роден, по втор пат престорен во камен. Заплискаа езерските нитки, од каменот сторија пламен,,, си реков.’

Двор, дворот ми е место

каде седам често.

ДВОРЈАН,

дворјанин ќе бидам, родот свој во двор да го видам.

Двориштево рожби раѓа, светло сонце сјае, ветер дува, дождот паѓа, снегот брашно сее, во ноќта светлината стално светло тлее.

Бистро око, секој миг е тука, под сенка од липа, во зелена трева, штом славејот во пој зората го свика, во мене и радост и чемер почнува да клика.

Со двеве очи се следам, и со двете еден дволик гледам.

Два лика, еден дволик, една иста слика.

Овој титан, дволик од бесценет род здан, ќе знае ли и тој во дворот да седи и во мразој и во плам, ќе пушти ли јас да останам сам?

Во двор дворјанинот сум, кај да одам, кај да бидам, во дворов секогаш ќе бидам.

Ко ќе не сум тука, ко часовник ќе престане да чука,

дворот ќе е стално тука, дворјанин ќе биде овој дволик титан, ДВОРЈАН во ист двор ќе седи, пој од славеј него ќе го следи!

Дворот ќе го бдее, се додека и во ноќта и денот светло сонце грее..

И дамнна а и сега со очиве мои две, се видов како што е и како било и како ќе е'.


Ноември,23 2019

Во тишина силна слаб звук слушам,

силно дишам но се појќе се гушам.

Ми летна во миг мојот сопствен жиг...

Исчезна од денот, тој ден што од мене го зеде пленот.

Не ни знаев, нити слушам,

по патот што одам и секогаш силно дишам,

еден корбач силен дека ќе се створи,

ме стави под јарем,

нит можам да плачам,

Ни самиот да се слушам...

на ведрина чиста како во себе се гушам.

Згасна бистар поглед,

капка роса ми падна од коса,

пот ли беше или солза,

горка е, ми остана празнина

ем гола, ем боса.

Ми го снема сјајот, еве иде крајот...

Во лага внесен, нит бев лесен

нит пред себе чесен....

Ме свитка жезолот верен, ме скрши на две

а од нив две, бев јас и тие се од мене се....


Скопје Ноември, 9 2019

Рт, тука ли е крајот ?

Фрлив сидро стасан на ртот, да не мрднам од таму, да не ме занесе водата или сончевиот зрак од мирот кај се скрасив.

Мирно е, спокој ме зеде и ми ги обзеде мислата моја, надежта бела, зракот златен, татнежот од виор на метеж во животниот трк, галоп што ита некаде да стаса...

Да седам или да одам ?

Да останам или да станам ?


Ко среќата во дамнина некој што ми ја грабна, ко вртлогот што ме зграпчи и мислел на колена ме паднал, не ќе може веќе никој да го земе тоа зрно мало, тоа време клето, таа бујна срма што з'бунот ми го везе, од себеси самиот не ќе може никој да ме слезе.

Од камен не капе солза, на плеќи планина ко носиш, ко ќе знаеш со косата и српот трева ти да косиш, со камен на плеќи и со суво грло зборот молк што збори не ќе стаса никој тебе да те кори.


Корбач по плеќите сто камшици удри, не ми стори ништо, со буфот ме сплоти ...

разбрав, оди, стани во утрата рани, не ќе земе ништо од спокојот виден, знаев тука и сенекој друг бил, и ко јас во тишина биден.

Рт, рт со добра надеж, рт на добра надеж, одите на ртот, таму нема надеж, тишината бучна во татнеж се слуша, надежта е во вас и вас ќе ве слуша...

Дрвото долго време расте, петлите рано в зори пеат, една звезда на небото секогаш со сребрен зрак ми сјае, златни зраци бело светло жнеат, жнејте српој мои нека раѓа жито, во потокот бистар риба нека плива, во планина сртот со линија е крива, црцор од славеј стално ми се слуша....

не бил таму крајот, на ртот ко да влегол рајот.....


Скопје Септември, 9 2019 година

Ми се лета, не ме пушта судбината клета"

Високо да летнам Феникс ќе го сретнам...

Ќе изгорам во жарот, дали принцот е поблизу до царот ?

Ниту знаев, ниту некогаш ќе знам !

По трњето кон звездата мала никој со мене не гази...*

Јас секогаш кон неа трњето ги газам сам ...*

Две раце десет прсти,

што со нив сторив се се собра во два, три грсти од моиве раце и десeтве прсти... *

МЕ ИЗЕДЕ СОМНЕЖ !

МАЛКУ ЛИ СЕ ДВЕВЕ РАЦЕ ДА СОБЕРАТ ДВА, ТРИ ГРСТИ,

ШТО СОБРАА МОИВЕ НА РАЦЕТЕ ДЕСЕТ ПРСТИ?

МИСЛАТА МИ ЛЕТНА, СПОКОЈОТ МЕ СРЕТНА...*

ТАА ЗВЕЗДА СЈАЈНА СОМНЕЖОТ ГО ЗГАСНА,

И ВО ТЕМНО МИ ОСТАНА ЈАСНА,

ЕДИНСТВЕНА ЧИСТА ТАЈНА,

САМО МЕНЕ ТАА МИ Е ЗНАЈНА.

И стана лесно во ова темно доба,

кај и да итам, кај низ темно скитам,

секогаш сам одам ...*

Од темнина светло самиот да родам '

Со две очи се се гледа.*

Дали е сјај, дали е беда !

Отвори ги шест, не ќе видиш ко со око едно,

се е едно исто, и сјајот а и се што било бедно !

Ко јасно да ми стана едно...*

исчезнало се што било вредно !

СКАЛИЛО ,,,*

И за да се качиш и за да слезеш,,,*

Не нашол никој скала да се качи,

а по неа да не може повтор пак да слезе !

Мислиш ќе се качиш за никојпат долу повтор пак да слезеш !

Да паднеш и во вртлог без промисла пак да влезеш***


Август, 22 2019

Дождот го снема,

ведар ден го зема.

Дождот се спрема

ведрината од денот да ја смени,

кој дождот го сака

ведрината се повеќе го плени.

Порој капки небото лее,

и ко да е ведро, а и кога не е’

молскавица зрачна го распара сводот,

ниту некој начна, ни некого збодна,

да побрза во одот да го стаса сводот.

Секавици златни, капки дожд,бистри,

но никогаш матна сончевина светна,

нит се сетив, ко мисол'та брзо ми летна,,,

треба да е духот храбар,

капка дожд, молскавица,

златен зрак на пукнато небо...

кај поглед да фрлиш,

кај око Ти гледа,

не ќе стасаш тамо во небото вишно,

од небото сводот

со раката своја да го држиш скришно.

Брза птица, пој...,

се се слуша како чурулика,,,

мислата пред Тебе оди,

ни светлото, ни небото,

нит можело нити може,

реската мисла зад нив збор да роди.

нити некој стасал,

нит мислата некој може да ја стаса,

вјаса ли вјаса срна брзострела,

мислата е небо и светлина цела.


Скопје Април, 21 2019

...СИДРО

Море, сино отворено море,

долу плаво, горе плаветнило сино...

Тргнав со распнати едра, јарбол без знаме, а каде ни самиот не знаев пред да навлезам се близу и поблизу кон хоризонтот...

Барав мирно море...

го гледам хоризонтот, го гледам а тој ни поблиску ни подалеку од дострелот на погледот мој...

Ќе го стасам ли да видам се што на тој спој се судира или прави прелиена граница од мирното море и вишното бескрајно небесно плаветнило,,,

молсна зрак, сјаен и златен, како да го осветли тој близок но далечен хоризонт, почна по малку да се крева но никако да го видам дното на тој загадочен спој од водата со небесето вишно,,,

колку ли колку брзав, толку и толку се и се подалечна ми стануваше близината на овој невидливо незнаен прелив ...

Патувам, патував цел, цел божји ден...

Зракот спласна, сонцето згасна, месечината високо се вивна, од четири четврти една се идигна во црнилата со точките сјајни.....

За целиот божји ден не стасав да се сретнам со близината на хоризонтот, токму, токму пред моите очи...

Ќе се одморам през ноќта и ќе продолжам...

Одеднаш се сепнав,,,

мојов брод немаше сидро ,,,


Скопје Април, 27 2019 година

Бучна тишина, а сепак е мирна. Звечи во сјајот од сонцето среде ноќ што блеска,… во оваа тивка и во бескрај спрострена тајна, развезена молчелива и бескрајно ширна,…

во духот сокровиште само мене знајно, во мене од себе си не е ништо тајно.

Мир во среде сончева ноќ,,, види, сонце среде ноќ.

Отсекогаш како да знаев дека ќе ја пречекам оваа ноќ, зрак златен, мир од тивка бука, ни се слуша, ниту нешто чука,,,

се потивко и потивко не ни можам да ја чујам, почна татнеж од тишина вишна,,,

знаев дека татни, сред ноќ ниту бука, тивко, сосем тивко ни времето се движи, ни часовник чука.

Ден,,,ноќ… ден,,, ноќ… горе,,, долу,..долу,…долу,…

Само две раце го креваа зракот, де сакаа да го видам, де да мислам дека ден е' а не дошол мракот…

Седам, гледам,… зедов чаша вино… нема никој, јас и мирот.

Голтка вино кренав и беше доста што духот мој со една рака и голтка од убаво вино, мракот што во сјај целиот среде ноќ беше… се претвори во сино, лесно сино плаветнило сјајно.

Ко да го видов скришно и тајно, а и гледам нешто што само мене ми остана знајно.

Боже, Боже…

дојден е денот, … доаѓа тој стално, а ноќта во тишина глува не ќе може да избега од сјајот, на ноќта без сонце и доаѓа крајот.

Месецот златен…

не,,, тој не е фатен, не е ни ноќта ставена во замка…


Духот мој се сјати за во него ноќта да не може мир од спокој да ми крати…

Денот секогаш ја стига, светлината сјајна секогаш ќе биде и секогаш била,светло во сечија душа и нејзина една и незнајна тајна.


Скопје Мај, 8 2019

Седам, седам и гледам...

За еден грош, за само еден грош?

Па зар може за само еден грош...

Се сетив на детството мое...секогаш било и секогаш го чувам ко свое.

Минуваа детските предшколски дни, една бела седа глава, мојот сакан дедо...

ме зел под рака и ме шета,,,

Гледај, гледај, зар си видел мечка да игра, се врти ко чигра...свири дајре, таа на две нозе...фрлите динар, фрлите динар,....вика стопан кој неа ја води, флете ни грошој, мечката ќе игра, ќе донесе грош, секому што еден фрла, агниња до две, па дури и до три трла, за еден грош, јагниња цел кош.

Зедов грош да фрлам, дедо ми го даде, ми го даде и рече:

Не го фрлај, чувај го, ке те пратам на пазар да одиш, ќе купиш што ќе ти кажам,

кусур ќе ми вратиш, што остана откако ќе платиш...

Пред на пазар да одиш, ќе земеш и стомна да наполниш вода, ко неа ќе ја земеш ќе Ти удрам силен ќотек, ако стомна скршена ми вратиш од пазар ко ќе дојдеш, пред грешката да ја сториш, натепан да видиш како е да бидиш...!

Пред грешка Ти да сториш, ќотекот силен, рајска порта, ум за умот, утре секому ќе збориш, што од мене ука виде, од тебе човек за да биде...

Зедов стомна, зедов и пари, натепан пред на пазар да одам, од пазар се вратив,

од тоа што платив, ресто му го вратив...

Му бацив рака, и динар ми даде, од ѓузденот го извади и в рака ми го кладе...

За еден грош, зар само за еден грош ?

Се облече јагне во волчјата кожа...да ја проба, да ја проба дал без неа има злоба, дал паѓаат грошој, дал раѓаат грла со полно овци трла ?


Дал грош да фрлам,,,мечка игра, дајре свири,,,...ќе го чувам !!!,,,трло не ми треба, богатата клетва во грошот јагне цело трло гледа, ја пoслушав дедовата бела коса седа...

Ден денес ја чувам во мислата моја, динар што ми даде, од ѓузденот изваден и в рака што го кладе, рака што јас бацив, на пазар појден и после ко се вратив,

се сватив...слушни седа коса, послушај што даде...утринската роса што во пладне гине,да не беше утро, напладне ќе мине тебе ќе те стопи грошот што те опи...

За еден грош, зар само за еден грош ?


Скопје Декември, 13 2018

ЛЕТ,

лет во место,

често летам а се сум на исто место

орлите летаат вишно,

небесна убавина, ништо од нив не е скришно


како да летнам ко орлите вишно,

како да зграпчам зрак од сонце зад облак што се скрило,

нит ќе биде, нит некогаш било

а сокол, како е ко сокол...

од рака да летнеш,

кај те прати до таму да одиш

пленот па макар и зрак,

од кај летна таму да го водиш...

сјајни зраци,и јас знам да ве фатам,

нит сум орел, нити сокол

ниту летам ниту во небеса шетам,,,

од едно исто место зракот сјаен со својот сјај ме светли,

ни во мугри петли,

ни орел во висина вишна,

ни сокол во тишина скришна,

не ќе скрие тој од мене

светол сончев зрак,

нит на светло ни во темен мрак...

летај, шетај, во едно место седи

сјајот во себеси самиот се реди.


Скопје Декември, 25 2018

Падна капка, падна капка роса

зрно мало со рујна плава коса.

каква коса, каква бујна роса,

зрак златен, еднаш дојден

дојден, и никогаш вратен

капки почнаа да капат

како пчели во рој,

во очиве мои се збраа,

да не беше таа,

мала капка, со другата' две

овје капки две,сегогаш се се'

ми дојде плач, ме пресече ко мач,

од очиве мои детски капки плачат,

радоста моја тие низ нив повторно ја зрачат.

сончевина.....


Скопје Ноември, 24 2018

Јасен ден...

Јасен од зора, до ноќта над него згора.

Ноќ, Јасна ноќ...

Јасна до зора, зората Јасна ја зазори ноќта, ноќта згина, остана светлоста во бедрата од денот...ни денот на ноќта, ни ноќта на денот, светлината и мракот не им беше пленот.


Денот и ноќта, светлина Јасна...нит во денот нит през ноќта, не осамна без да биде Јасна, нит пак од утро до зори, во тие денско- ноќни двори, ниту спласна ни во ноќта згасна.

Сега ми е Јасна во денот и ноќта ведрината нејна колку била красна.


Јасен, стебло кревко, фиданка ем Јасна, ем танка.

Го видов и во ден, зори, и во ноќ ко звезда што гори.

Од еден Јасен, во својот дух и богат и красен, од таа фиданка танка, таа мала дланка, бев и лут, бев и клет, и во вирот метнат, сокровиште најдов во тој светол Јасен, во тоа сокровиште останав и сам и спасен.


Јасен бел, през денот цел, Јасна зора пред мене планиништа ора...

Не се тешки, тешка била мора' што не гледа Јасна зора.


Скопје Декември, 10 2018

Жолт лист,

блесок тивко светол, сонце благо жарко...

колило...


Се вртело, еве пак се врти, го здроби ко грст грозје, летото што пред него жетварите со српо'ј, се пожнеаа со својте десет прсти...

Не ќе беа лисјата во златна боја жолта, не ќе беше она лето и врело и клето, да не беше мир во пролет, бујни води, се природата што роди...а и бело, се бело во зима,,,еднаш се дрзнав и посакав никогаш да не ја има...


Жолти лисја зеленило кога гасат, долг залез од светлоста златна, ми го бистрат погледот од водата матна...


Септември,

девет годи, радост на два пати капна, радост ми роди, знам, повтор рој од капки ќе раѓа, не попусто од дрвото листот паѓа, се тркала се навидум ко да крие, и во мене ко природата, ниту нешто скрило, нити пак во мене нешто спие.


Листот падна, колилото врти, септември дојде и ќе оди, отсекогаш раѓал полно бреме, и повторно ќе роди.


Септември, 16 2018

Виножито

Бол, непребол,, ден година,,денот што носи годината не носи' душата празна во бол, радост и бол, не знаев за радост ко не сетив бол,,,

Исчезна ко ветер, не можев по ветрот со неа да трчам, ме скрши ко орев и фиданка танка,,,

болка, бол, бол што тлее и не ќе се згаси,,,

Во овој бескрај умен болката ќе лебди, и во бескрај стално ќе се шири...

Титан се сторив, кој во мене гледа се внатре без препрека ќе види,,, да броеше време секој што ќе земе, радоста во мене не ќе може никој, повтор да ѕирне како таа вири ....

Ко времето што стои и болката ко радоста, секоја за себе двете си се свои...

Се радував и тагував, се радувам и тагувам, и ко тагував и пред тоа радував, видов времето на сказалката се прелило, скоро ништо не се променило.

Не сум сам, има и други ко јас.. Болката е радост, во радоста бол...врви крај времето што стои, не остава сами, секој со себе, денот и во радост и во бол, не денoт година да трае, ...

Во денот годината нек' ја носи, во еден ден годината нека се збие, дал радосен или тажен, види се до кого си и самиот што си..

Кога и тагата и бол ме коси, знам, знам не е сон,,,

Знам и во радост и во бол темнината во сончев зрак повтор ќе ме вивне, во мојот спокој седнат, радосен и среќен во тој животен трон...


14.10.2018

На Мила,

со задоволство и радост,

сеќавајќи се на мојата, и на нејната мајка младост

...Какво време беше,какво време дојде...ден - година, што денот ни носи

годината не носи'

Како воз покрај мене споменот светол, и помина, и пред тоа дојде, ни може да ми избега, ниту ко што тој си мисли дека навек сјојде,,,

И во радост и во тага, од стројниот стас, од благиот поглед, од женскоста мила, од доблеста смела, од страста и убоста, и знајна и недопирна тајна,

Овие два лика, вечноста ги смести во мојата радост, од ко дојдов до мојата младост, напред и ко сега што ги нема, кој и да ги зема,не може да избрише ниту еден зрак што свети ко нивната слика.

Загорка и Зага,

Загорко, Ти мајко моја драга,

Зага, Ти мајка што сјојде,

но еве ја твојата Мила,

мила, ко и Ти што беше и што секогаш си била...

Две Заги, двете мајки драги


Скопје Август, 19 2018

Висок трон,

на високо кога седам мислам, се можам и се гледам.

Од височина гледам, тронот висок ми се чини, а од него ко што седам, од подолу па нагоре, само две,три педи со ракава можам да ги редам,,, во еден миг стасувам горе кај што седам.

Дали во високо, дали во длабоко, исто ли е во еден миг да стасам на тронот кај што од високо гледам, де гледам, де само мирно седам...

Длабочина плитка и високо ко седам, и од таму кога гледам, во еден миг ме свитка ко вземјена фиданка, и цврста и танка...

Ме скрши ко орев, зар попусто на тронот да' седам се борев?

Од високо кога гледам, не ти било исто кога само седам...

Не ме скрши тронот, ми се скрши сонот......

,,,на тронот сега само седам'''''

било кај да седам, во високо гледам, длабоко и скришно оково кај дострел ми стаса, да го видам она што по мене ита, и заедно со мене во мислата ми вјаса.....

Длабочина ширна, кој во неа ѕирна...

Од високо гледаш височина лажна, во високо гледај,,,! си велам,,,од високо кога гледам,,, ни знам што слепило во висина гледа, нити од високо знам што било сјај а што неверна беда...


Скопје Август, 28 2018 година

Во светло јарко кога гледам, не било, ни поубаво ќе биде, него да го гледам кога сам со себе си седам,,,

Бескрајот што во време тапка ниту оди, нит се движи, ни пак може низ него да тече, не ни време, не ни бреме, ни зборој што некој ги рече,,,

Ако станам, од светлината не ќе можам да се бранам... и ко седам ја гледам,

и ко ќе станам низ жиливе радост светла ранам...

Ми навира нитка светла, седам или стојам бистро светло зрачи, темно нема, се светлото од темнина зема,,,

И темното беше, и секогаш било, а тој светол сјај од темното глуво, сторувало и сенавек ќе стори, жив бел блесок во седефно руво.

Не ли знаев во темница што сум, се ќе седев и дните ќе ги редев, и мојава мисла тогаш не е иста...

Кај си, кој си, светло Ти е или во Тебе темницата се крие?

Е,,, тоа го знаеме само ние'''

Прогледав ли светло, блескаво и чисто, не ни знаев колку бескрајот е мирен,

немерлив и длабоко ширен...

Времето ни течело, нит некогаш ќе тече, темнината силно јарко свети, се е мирно,тишината силно звони...

Вечноста не ќе пушти никому, од мирот негов ни зрнце да му срони...во светлото мир и спокој р'ти, ко земјава и сонце сенавек се врти...


Скопје Август, 18 2018

$

од радоста кој што сака,

колку сака зема,

нема за некого никогаш да снема...

денот денешен за вчерашен се спрема,

иднината утре повтор ќе ја нема...

бескрајот во вечноста секогаш ја зема

ме заплиска радост,

ниту бројам број,

ниту некој може да ми земе

од спокојот мој...

§§

во младоста нивна сплотен,

денот денешен за вчерашен се спрема,

бујна младост, стална радост

светло светли и ними ги сјае,,,

еден крак, еден сончев зрак

два бисери, зрна две...

ниту бројам број,

ни пак во одот ќе направам стој...

нека секој биде полн во мечтата своја

ко јас денес во радоста моја,,,


1.7. 2018

Скокнав во место, вака скокам често...


Ни сам знам зошто, ни сам знам како, скокам за напред во времето да идам,ни од место мрдам, ни времево напред можам да го видам,,,

Зошто скок, си реков 'ај да видам пополека да идам, дали пак во исто место ќе бидам?

Чекор сторив прв во утро едно рано, утро пред бел ден.

Изгрејсонце во темнина глува, светла ѕвезда и месецот зрел,не ќе беше уште време светлоста да бликне, да рашири дамка во окото мое, и светлиот сончев сјај, зракот да ме згрее со својот блесок врел '


Светна ден!

Чекор, па по него друг, чекорам да видам, дали времево пред мене, со очиве мои ќе можам да го видам, ко скокам го нема, ко чекорам дали таму ќе бидам ?

Кога тргнав ' ? кога мина ден ' ? цел бел ден се прелеа во ноќ,,, Од далеку во ден тргнав, најдалеку во ноќ стасав!

На истото место сум!

Не стасав 'не стасав себе да се видам , за да видам чекорејќи, од кај тргнав,на друго место да бидам, времево пред себе со свои очи да го видам,,,

И се сетив '''

чекорам или скокам, се во исто место стојам, сенката ниту ќе ја стасам, и сонцево дур грее, сенката моја пред мене ќе бдее...

Јас стојам,и ко скокам, и чекор ко ќе сторам, ниту време тече, ни пак такво има,'''

Што ќе сторам?

сам од местото ќе се движам, ни ќе скокам, ни чекор ќе сторам, нити па ќе зборам '

Бркајќи ја сенката своја, ја изгубив трагата моја '' Ко видов времево како ме сторило слеп, темнината ми стана сјај, зар пеколот, зар и тој ми стана рај?

Лесно ми е во слепило сјајно, го пронајдов својот мир...Во еден скок времето ми сопре, не сум знаел дека ни тече, ниту може да се допре...

И во чекор и во скок, трчав да го стасам, ко го видов во едно место како стои,

ме обзеде спокој, ниту бројам број, ниту низа од денот како стои број по број,

никој не ќе земе од спокојот мој'''


Maj, 24 2018

Погледнав и видов,

бистро око, бисер зрно,

за некого бело, за некого црно,

со очиве гледам,

гледам и седам,

знам,

со двеве очи не еден,

два бисери,

да, два бисери гледам.

Во езеро блеска една нишка сончев зрак,

до бисерот,

до бисерот уште еден,

два бисери, еден крак.

Светло светли бисерите ги сјае,

зракот сончев што ги светли

пред до нив да стаса,

и бисерот еден и другиот од кракот,

сончевина што иде секој од нив знае,

пред до ним да стаса

зракот сончев кај е.

Еден крак, еден сончев зрак,

Младоста“ едниот од зрната две,

Радоста“ другиот од истиот крак,

два бисери, зрна две

светло, зрак, езеро бистро,

два бисери едно е,

двата ко едно и ваше е се...

и едно, и две'


Мај, 2 2018

АН!

Изморен од товарот половина век збран,

се прибрав, застанав,

влегов во еден Ан, здив да земам и да видам што се имам,

и што од сето ова немам '

Се имам, мислата ме сепна, го снема, го зема,еден светол лик исчезна од видот мој,

грозд од седеф, лист со златен сјај,

дали било есен, април или мај,

споменот во мене навек ќе ме грее со седефот срмен,

кај што почна светло не ќе има крај,

и јас знам а и ти знај!

Изброив до пет,

бликна убав звон,

и пред еден и по пет,

со доблести знајни,

секогаш е убав

овој суров свет.

Немам, небиднина немам,

купувам и земам,

во ковчеже го ставам,

и пак повтор го давам.

Спомен срмен,

него го чувам ко светло во мрак,

низ беспаќа ме води,

се нешто убаво во мене ќе роди!

гроздан , томо , се сетив што се себеси си ветив.....


Скопје Април, 18 2018

Каде?

Кај одиш, кај себеси се водиш?


Каде одам таму себе си се водам...

во тишина тишна,

во висина вишна,

по патеки стрми,

кај сонцето грее,

кај месецот се до кругот зрее,,,

Сам, никаде без тебе,

во виор, патец, ветришта кај веат,

сам со тебе,

Ти, Јас сум Ти што секогаш те водам со себе...

Јас и Ти,

пет прсти, една дланка,

десет прсти, две дланки,

ко десет фиданки танки...

Ни ветер ќе ги сруши,

ниту татнеж ќе допре до нивните уши..

Што и да зборам се со тебе ќе го сторам,

Титан од гранки,

десет фиданки танки....

и јас ко ти,

се во себе што зби,,,

како идат новите дни,

твоите ко и моите станаа мирни и се помирни сни,,,


Април, 6 2018 година

Гледај, гледај, не можеш да видиш,

кај и да се свртиш тоа си и тоа ќе бидиш.

Во дострелот од око виден,

кај јас видов Ти не ни си биден.

Гледај, гледај,

не трчај во галоп ко ат,

трчај во кас, ко што трчам јас.

Она што го видов качен на ридов,

види го и Ти.


Во недрата младост, во срцето радост, старото време вечно таму стои.

Нити денот, ни година, ни младоста наша, ни младоста ваша, ни времето што стои, на прстите десет ними не ги брои.


Стариот знаел како е ко млад, младиот, младиот и тој знаел како е ко стар, ко ќе грабне во староста од младоста дар.

Кој ли е цар?

Мирна река тивко тече, секогаш се слуша што дамнина рече,

молкот мудро од реката се слуша, секој вечно радост ќе го двори кога слуша како тивко реката низ корито збори.


Скопје Март, 8 2018

Forget tomorrow all that it was yesterday,

even though just today,

nothing else is there,

the here and now,

eternity takes them,

always and forever.


Live today,

neither yesterday nor tomorrow,

except for happiness, nothing else is there,

life does not take of us anything off here.


From happiness, everyone could take,

as much as he wants to take,

forever for anyone,

happiness will care.


Skopje March 4, 2018

До, Ми , Сол , Ми , До

Фа, Ла, До, Ла, Фа,

Сол, Си, Ре, Си, Сол,

До, Сол, Ми, Сол,

До, Си, До


Денес вчера мина,

ти и јас, каде ли тоа нешто згина...

и јас сум и Ти си во иднина,

што вчера ко згасена искра крај непребол се скина.....


каде, каде ли во бескрајот ладен пот ме обли,


од животот мој те снема.....

тебе веќе не те гледам,

од окото солза капна и тебе те зема...


Фебруари, 27 2018

Слеп да бидам, пак се ќе видам!

Што слепиот гледа?

Во духот се вгнездила беда!

Глув да бидам, пак се се слуша.

Тивко, баш тивко, се пополека тоне.

Не,не е на соне, ми се стега душа, од око и солзата рида!

Татнежот го слушам, и слеп и глув, во тишина ко без татнеж, тишината ја чув, во татнеж и тишина сонот си го рушам, да,да, добро гледам и слушам!

Нем, немиот збори, дури чудно,нем па збори!

Само ко да ми се стори, ни нем бил, нити чудно било, самиот на молкот му отворил двори!

Слепиот се гледа, глувиот и тишина слуша, кој нем самиот се стори, можеше и ко нем да збори, сега кога молкот стана звук, сите ко еден се и неук и ук!

Што бил видел, не виде, што увото чу, се во молкот оди, молчат, ко немите не ни зборат.

НЕМА ВЕЌЕ СЛЕП ДА БИДЕ,

НИТУ МОЛКОТ ЗБОРОТ ЌЕ ГО СОПРЕ,

СЕ ДА КАЖЕ КОЈ ШТО ВИДЕ,

СЕ СЕ ГЛЕДА,СЕКОЈ ЗБОРИ,

СЕ СЕ СЛУША,

НИКОЈ ЧУЕНОТО НЕ ГО КРИЕ,

ВРИЕ!

ТЕМНИЦАТА ГЛУВА САМАТА ЗБОРИ;

НЕДОСТОЈНИ И БЕДНИ НИКОЈ НЕ ЌЕ КРИЕ.


Фебруари, 2 2018

Пловам низ езеро мирно,тивок ветер, сонце, оково се ми гледа ширно, запалено лице, зраци, птица, голаб, галеби и гузи....

Ниту еден вител во езерово не ќе сретнеш, како ли, зошто ли, од езерово рибата се повеќе ја нема!

И риба да си,и да не си, нема вител што од нив да зема!


Водотекот човекот го скина, од бистрите води, риба кај рипките ги роди, агулата по патот низ водите кај се движи,таа Саргас оди за назад да се врати,

се така безброј и безброј, неброени пати, веќе за неа затворени се сите врати!

Мрестот свој од таму ко ќе дојде, низ Дримот ко плива, го остава породот тука да се збива.

Ко сакаше да се врати, за Саргас да оди, кај вечната природа низ водотек ја носи, да плива и ита низ бистрите води, ја пресретна брана;

А браната од човекот здана!

Ни може да се врати за Саргас да оди, ни ќе може да се мрести, ниту внатре да мине, дал и Видот нејзин на земјава наша, кај природа го смести,ќе го снема и вечно ќе згине?

Патиштата веќе не ќе може да ги мине!

Човечката рака природата ја скрви, ниту некој збори, ниту глас се крева, се мирно си врви, ќе остане само пуста земја, ниту цвет, ниту рој, нит од птица пој,

отиде и мојот а и сонот Твој.

Ни риба, ни славеј, ни голаб, не ќе најдеш ни да лета ,ни да пее, ниту пак да плива!

ПРИРОДАВА НЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ОСТАНЕ ЖИВА


Скопје, Јануари 31 2018

Заборави утре што се беше вчера,

и онака сем денес,

ништо друго нема,

сегашноста ними

секогаш ги зема.


Живеј денес,

ни за вчера ни за утре,

сем радоста друго ништо нема,

животот од неа ништо не ни зема.


Од радоста кој што сака,

колку сака зема,

нема за некого

негогаш да снема.


Јануари, 20 2018

ДЕНОТ ДЕНЕШЕН ЗА ВЧЕРАШЕН СЕ СПРЕМА.


ИДНИНАТА УТРЕ ПАК ЌЕ ЈА НЕМА,

БЕСКРАЈОТ ВО ВЕЧНОСТА ЈА ЗЕМА.....

Capsule, the creation of Artist Kristina Pulejkova is an animated video that explores the concepts of real-time and subjective time perception. Different time scales are overlapped to collapse any linearity in the narrative structure. Past, present, and future become a chaotic flat plane where distant stories of space and time mix with personal time perception narratives of artists and scientists. This temporal polyphony is enhanced with soundscapes from the plasma oscillations from the JET fusion reactor and stellar sonificaтtions from NASA’s Kepler Project.

Video soundscapes produced by NASA Kepler Project: NASA Ames/SETI/J Jenkins, and JET/MUST Dr. Anthony Field

Narration:

Dr. Alex Meakins - Diagnostic Physicist JET/MUST, UK

Ulrike Kuchner – Department for Astrophysics, University of Vienna, AT

Holly Owen – Artist, UK

Andy Flett – Artist, UK


Јануари 14, 2018

Стебло, стебло цврсто,

фиданка, фиданка танка,

десет фиданки,

по пет прсти на една дланка.


Што ќе сторат десет прсти,

грст дукати не ќе вредат,

што двете раце сами,

па макар и ден по еден,

со две дланки и десет прсти,

со пот и доблест самите ги редат.


Грст дукати клети,

не, не се тие такви,

клето е она што грстот,

без рацете и десет прсти,

проклетија на себе носи,

без рацете што не ги коси.....


ЈОВАНЕ,ЈОВАНО,

ОД ЗЛАТО НЕ СИ КОВАНО.


Декември, 9 2017 година

Тивка молња,сончев зрак, Виножито, дожд од небо,

Молсна и плисна, го обои во бели бои, прагот пред портите мои.

Лист од дрво слезе, тука баш до прагот, токму таму каде дождот падна, кај што сончев зрак од небото влезе.

Ја слушам тишината, ја гледам ледината, од дамнина пој од славеј не бев слушнал,

Ете, пој од рајски птици, почнав пак да слушам, восхитен од зракот, светлината и таа капка роса.

Па молња што молсна и распарчи и небо, и ветер со неа што донесе лисја, се,се, се и се, повтор пак ме буди, во зорите руди.

Природата зачна семе, во мојата бела коса, во очите бистри капки, дојде зрно мало надеж, дојде ветер, природата рака клава, над оваа седа глава.

Слеп сум, со шест очи гледам. виножито и природа во немирот мој, слепилото црно го претвори во рој, матицата со пчели и славејот во пој, ги поврати назад соништата мои.

Кој слепило со шест очи има, молскавица и зраци, ќе отворат во него светло во душата да сјае, и него да го стаса тишината глува, немирот со спокој везден ќе го чува.

Поганиот Кукол што ко вител врти, не ќе знае ниту кај да бега,ни па кај да р'ти.

Кукол што во гнилеж рти, во раскош и во разврат цути, веќе природата грбот му го врти.

Иде златно сонце, дожд, ветер и жолтиот лист, светло сјајно, жито-вино, за секому оној чиј образ е чист.


Декември, 7 2017

Во залез исчезна плаветнилото сино, ноќта ја смени утрото златно,

темнината избега од сонцето со многу сонца мали, месечина згина од погледот во денот, но тука е, не само во ноќта, тука е и през денот.

Се сврте, застана, три дена така стои, па воскресна и почна времето да брои.

Христе, се роди, пред многу, многу годи.

Од нагоре долу, почна, да,да,,,седи, седи долу, но само за три дена кратко, и сега, сега само напред, од еден и еден, се натака реди, за да стигне крај, а по крајот ниту има крај, ниту некој знаел, кај почеток почнал, безпред него да немало крај.


ВИТЕЛ.....

Ко видов ѕвезда сред бел ден да сјае, да бев Икар, да бев Дедал, на ѕвездите веднаш сонот би го предал.

Феникс, тоа прав збор беше, вивни се, изгори од желбен жар, долу падни и пак вишно летај, во снажната твоја искра, верувај, верувај и на неа сметај...

Ќе знае една ѕвезда зошто паѓаш кога горе леташ! Па сигурно ќе рече''' Женшчино што чекаш?

Ем ко јастреб во небеса пловиш, ем со него ко булката цутиш, и до него седиш во поле, и кога е без тебе горе, и заедно до тебе ко ќе падне доле.

Знаат тие двете, низ животот жезен, што се не се плете!

IZABELI


Ti ono sto bese, cu, bi i u svojim snima sni, evo sada ide, sad ce doci, spreciti ga nitko nece moci. Kad kroci ,,,suza jedna kao kap ce pasti, svakog dana sve vise i vise, bistro oko, suza jarka, biti ce u placu kao plovna barka'''''

Mirno more, svetlost, a svetlost, svetlost vise nego jarka. Postace more, bistro plavo more u one rano rane zore, divni bistar plac, 'sreca, a sa srecom u ruci,,, u ruci''' u ruci naravno, Mac!

Ko radosne suze dira, mac se njemu kroz grudi suzu da provira,,,, I kad i krv padne, i kad sreca plovi, kad god htela ti njega pozovi''''' On ce doci, i on, a i sa njim njegov Mac. Pored Tebe bice svuda, gde god zoves, plovila, snovila, doci ce do tebe. Cuvaju Te, cuvaju, ko sto konja vrana cuva svoje zdrebe, tako se cuva.. ko...? pa niko ko Tebe!

Ne boj se, nisi sama, tvojim zivotom zivi i jos neko drugi,,, Znaj da onaj ko sa tobom bude, bio ili nekad bese, mac ce glavu skinut, svakome sto ceka neki dobri minut, dal ce tvoja bistra suza, sa radosnog tvoga lika, u neznajni pogled mutni, isceznut i tiho zginut.....


Декември, 2 2017

Еј, што стори ти надарена безумнице!

Во врагот најде враг? И врагот ти станал драг! Дуждот сака врагот да ги гони,

безумници страсни, ниту пој се слуша, ниту звоно звони.

А таа, ни бисер и се срони, ни срмата и падна.

Врагот ја гони а таа, таа за љубов страдна.

Штом денот зад ноќта падна, го снема и него и љубовта страдна.

Врагот враг, дуждот дужд, ноќта се роди, сладостраст носи, страст и жар во окото игра, во љубовен занес окото е чигра.

Од окото и падна капка роса, таа роса низ крвта ко да врие,

и тој не сакаше од неа да се скрие.

Во еден пепел два огна горат, само тие знаат што со нив да сторат.


Декември, 1 2017

Судба клета,'''


И низ поток, и низ бистро око, знае да сотре поглед што во радост цвета.

Колку да е клета, смести ја во тишина, тишината сама ќе и смета, не ќе и даде ниту да го види, ниту да го врати, чемерот и јадот што во тебе тој го сјати.

Веќе свисна,ништо не ќе може повтор да ти даде,,,,,

Од каде!!!

Тих молк во неврат ја кладе!!!

Молкот ќе ја стопи во недрата свои, во тишина е тивко, нити време, нити денот низ година се брои, ниту судба во безвреме нема да се движи, безвремето не дава бол и јад да крои, кај времето тече, светло радост брои.

Кој вишната тишина ја знае, ни ќе паѓа, ни ќе тоне, од јавето ќе стори соне, а сништата и судбата клета, во него не ќе може ни близу да слета, ниту пак низ душа ко дома да шета.

Кај судбата цвета, се е јарко ко сонцето жарко, ниту тонеш, ниту леташ,

ко голаб во синило под табани шеташ.

Дајте и роза, розата во црвено ќе цвета, де сега, де после, де секогаш и сегде во љубовта света, занавек и веков за многаја лета.....

Штрк!!!

Ке ќе појт, од умот не ќе з'најт, шо е радост и како се прај'т'''

Ко го виде штрчето ке се роди, се сети'''

еден по еден се број'т, а така и радост се крој'т"""


Ноември,28 2017

Зракот ѕирка.......во бело,бело белило пирка

ветрец жетва жнее или сон

верата глeдам му е трон


Се нешто се буди во овие планини руди

душевен мир ко бело од црно

секому со честив лик

не ќе даде да го згази богохул во крик


Мирно е во мир

клокот врие во маски на пир


Бистра вода, око сјај,

ми се стори се, се баш се,

лесно било, знам и знај

после крајот нема крај


Октомври 7, 2017

На мојата Голабинка


Слезе, по мене слезе

топол бран во срмен седеф,

седеф од плот на душата збран

мина и век до половина стасан

уште сум од тогаш ко ат,

ко мир во спокојот вјасан


Ми се сони соне на јаве ли беше

Голабе низ мене цело време тече,

ме тера по ветрот што држеше дом

со добрина добро, никој ништо

да не може да рече

по овој ветер што домот го влече

Не, не знам што тоа добро било

што тука кај неа од искон се збило

Врелото што везден тивко мирно тече

од доблеста нејна врутокот кој врие,

никој не ни можел ниту сега може,

од аманет нејзин мене да ме скрие.


Јули, 10 2017

ШТРК


Ѕирка светло ноќта бега, светлото ја светна во светлина своја, не бил само мигот, ноќта стана вечно бела, од зајди до изгреј засекогаш и сега, сонце, зрак-кој ли ќе му бега?

ШТРКОТ НА СЛИКА ГО ВИДОВ

УШТЕ НЕ МИ Е НА ЈАВЕ,

КОЈ ШТРКОТ НА СЛИКА ОД ЈАВЕ ГО СКИНА?

МИ ГО ПОКАЖА КАТЕРИНА,,,

Во окото солза, солзата од радост блика, во гнездото птица само пој ти клика

Род од родот лоза горе вие, лозницата кон врвот како денот врви, зрно и зрнце, дали едно или две се, ни третото од никој таа не го крие

Штркот бел е, клунот му е голем, гледам ли, да, да, гледам, штрчињата во гнездото ги чува, ветрецот со лад пак ними ги дува

Нели се врати од тогаш ко го снема, појди дојди повтор пак ќе лета и убост ќе враќа, пак не ќе го земат од гнездото свое, светлото не е,темнина,,,да таа тоа ќе е, во гнездото вишно...светлината сјајна стално ќе го грее

Во оваа небиднина глува, татнежот што одамна го снема, бука повтор од тишина го зема

Штркот се врати, гнездата празни повтор штркој греат, глеј, штрчињата лет што почнаа да учат, во хор ко клунот што клука, во бескрајот светол шир што крилја вие, песни пеат, од радост солза од окото ти леат


Август, 1 2017

Срџба в бескрај ползи,

кој ли се дрзна од окото дамка што му крзна,

од утроба душа што му вцрпи,

и денот од ноќта му го зеде.


Порој од око блика,

мрамор,трат,бисер и сено

го столчи во прав и крајот од ден'о!


Клика и гори,непребол од уста му збори,,

дизгини излегоа од раце,

громот ги стушти и исплива миро

зборот низ потокот тече,

душата ја гори во тие одајски двори!


Паметам го сретнав,....во одот застој стори,,

не сакаше никој да го слушне тоа што ми збори!

Јатаганот бриток отапе од зборот,

богохул што рипна челуст да му крши,

западна во гнилеж а таму и сврши.

Песна пее, јадот тлее, звездата се вџаши

рашири и раце,црн,бел,белен во бескрајот е вселен.


Мај, 28 2017

РИД


Се качив, се качив, се качив

Во високо седам, дното го гледам

Колку висок Рид,

тешко од горе се гледа долната и болна беда

Да слезам ли, или горе да седам?

Да бев можел по сртот да одам

линија да ставам, р'тот да го свијам,долу таа беда да ја скријам.

Не, нема горе да седам, долу ќе слезам се убаво да видам,

дали пак горе да идам или да останам тука ридот да го видам?

И долу сртот ќе мине,

р'тот таа болка ќе ја скине

Ох Рид, Ох Рид,

и од горе од долу височина се гледа

Во кругот високо е долу,

кој горе се качи

еднакво ќе види и горе и долу

Ридот рид, Р'тот р'т,

и едното и друго сосем исто значи

Кој на рид се качи

дното знае колку многу значи

Слези и долу,

и онака кругот горе ќе те качи

качи се горе, но пак слези долу,

се нешто ќе видиш што светлина и сонце зрачи


Мај, 16 2017

МАЈ, мај, мај

Кон летото напред, поглед ширум гледа,

дните брзо идат за лето да видат


Далеку се гледа през година цела,

прв и еден, дали вчера, дали сега

неможе ни утре тој од нас да бега


МАЈ,мај,мај, се почна да цвета

за многаја лета,

се што ни се збива ко сребрена жива,

в земја ќе ја спрета судбината клета

Bio je Maj, maj, maj,

i on jos ce biti,

niko jos ne znade to sto nama dade,

i sunce, i mac,

ne, nece nama dati ni krvi ni plac,

maj ce uvek biti takav kakav bese:

u vihoru miran, tih u suton i rano pre i posle vece,

svakome u njemu po jednu kap srece

Чакам те да дојдеш, чакам те с’ бујна страст,

минаха години не че те забравам ас


Април, 30 2017

МОЛК ОД ЖУБОР

Бев ли гладен'

Од глад сит ли станав?

Бев ли жеден'

Од вода жед, глад' ко сит, не''' не сум сам и еден

Тивка вода, бистра капка, жубор, дал во риба да се сторам да не знам да зборам?

Молкот да го скријам од оваа врева, во тихата вода сторен во риба, духот мој и жед и глад, сит и не сам и еден,

себе сам се познав и скапоцен и вреден,

и ко риба жива низ вода што плива,

себеси што дворам во спокој да го горам.

И вода и жубор и збор што коски крши,

што отвора порти од железо здани,

рибата го нема тој збор да го каже, а тивката вода и кроткоста нејна,плива и плива,ни глад, ни жед,

ни неа ни мене, ни едно ни друго,

не е едро нас двајца да не земе.

Рибите молчат,

ниту знаат еден збор да кажат,

молкот нивни зборот кој свој збор го вијат,

злобата и лага во него го толчат.

Не, не сум ни риба, ни молк во збор ми се всадил,

кој не беше риба,

не ќе знае во оваа врева во вода да плива,

ту мирна ту дива'''


Април, 25 2017

До ноќта седам во белило јарко,

за полека да згасне со сонцето жарко,

темнината да дојде во сводот на небе

за повтор да видам светол ден пред себе.


Дали видов ден бел да биде

за по него ноќта везден што иде,

во ден да се стори и остане така,

ноќта да не може него да го смени,

и денот во бескрај да стои кколку сака.


Не, не ќе видам ноќта ден да биде

но тоа што видов тоа и ќе биде’

Ме зароби АТ ко седефот е црвен,

со својата грива ко срмен з’ бун везена,

од него зар беше и таа убост слезена!


Бујно едро тело, бедра голи,вознес страсен,

со погледот мој ги видов,

не е една ниту две се, сите жени ко една да беа,

ми навира восхит и порив со страст,

и ними ги створи и на платно слеа.

Пејте птици пејте песна,

цутој китки ширете го појот,

на полиња сејте семе.

Да, и тие ждребци кревко со ним бдеат,

ОДА на оному пеат кој од срце свое

пред окото што гледа на видело бело,

ги вознесе и здаде пред очите свои,

женскоста едра во сите топли бои.


А каде гледам, што ми се стори,

гледам,гледам а низ поглед радоста ми збори’

НЕГО БЛЕСОКОТ ГО ЧУВА

ОД ОВАА УБАВИНА ГЛУВА.


Фебруари, 20 2017

Prica neko da sve reke samo dole teku,

jeli on ne znade da reka I dusu imade?

Kad zaplovih da tu vodu pratim,

sretoh njega, coveka u vodi kako gore ide,

pa tad videh sto niko ne vide'''

I gore I dole kako mirno voda svoj put zivi,

videh konja vrana kako I on pliva,

juri svoje zdrebe,

da svoj porod spasi od te tiihe vode

bregove sto roni,

u zivotnom krugu da ga opet skloni

Kad to ne bi reka tekla nikad ne bi zdrebe znalo bas i ja ko sebe,

kako voda tiho bregovima plovi

a niko njoj ne moze skrenuti je tako

da bi u njoj mogo plovit ko i drugi svako

Tako sedim I gledam kako reka tece,

sve vise I vise tonem u tisinu

a i necu znati stici u daljinu

Tisinu i sunce svetlo mojoj biti sada vise treba,

nego tom coveku mojeg mladeg doba,

kome tada prece bese od svetloga sunca i tisine gluve,

topao svezi komad ispecenog hljeba

Polako tece onaj tocak srece,

za svakog se vrti ko sto rekom teku ovi konji vrani,

a i sam se mislim na kojoj su strani?

Sve vise i vise gledam u daljinu da svog hljeba nadem u ovu tisinu


Novembar, 11 2016

Во водата плива една златна рипка дива,

Каде таа оди?


Оди кон сонот од камен,,,,Не, не ќе беше камен

но од око пламен,,,


Во потоци бистри ита, со себеси желба носи

неа да ја даде на зрното мало.

Од зрно да направи жита

за зрното мало во радоста да скита.


Не,не било едно туку тие две се!


Секому да внесе во срцето радост,

оган да се стори желбата што тлее,

рипката од злато везден да го грее.


Утре денот иде вчера за да биде,

да создаде спокој,мир во срца мали

каде тој да оди радост да го води.


Божјата сила духот да го кали

двете зрна мали што не беа едно,

за божјата доблест секое е вредно.


Мај, 26 2016

Вода,оган,ветер,земја, вечно ќе бдее сонцето од небо, со крстот и темјан проклетија ќе згине, Црквата македонска синџирите ги кине.

Кој раката ја крена над земјата наша, мирот тивок брегот ќе го срони, оваа Црква и земјата цела, небиднина ќе стори оного што сака од огниште наше везден да се стрви нас да не гони и домот да го скрви.

Во сонот сон се роди,вечноста се здаде, ова парче земја ќе остане таму кај божјата воља од искон ја кладе.

Народот ќе збори, духот македонски од црковни двори, од олтари сјајни и темјан и миса во нашава земја сенавек ќе гори родот од искон и вечно ќе твори.

И зрнце од искра што пепел го покри, земјата македонска од видот на бога, ни клетата злоба,ни силата земна, не можеше и нема нас да не скрие во вечната слога народот да бдие.


Април 24, 2016

НА МОИТЕ КРИСТИНА И ЗАГА


Ave Maria, gratia plena; Dominus tecum; benedicta tu in mulieribus, et benedictus fructus ventris tui, Iesus. Sancta Maria, Mater Dei, ora pro nobis peccatoribus, nunc et in hora mortis nostrae.

Amen

Радувај се Маријо, полна со благодат, Господ е со тебе. Блаженa си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба, Исус. Света Маријо, Мајко Божја, моли се за нас грешните, сега и во часот на смртта.

Амин

ДВЕ МАРИИ


Низ крвта ми потече вруток, се збистри ко око, еден сон во јаве се стори. Мајчино млеко протече од гори, духот божји од мајчини бедра Марија ја створи.

Се роди во сончева зора, заплива во залез кај сонцето се крие, денот и ноќта ги претвори во боја, но и јас не знам која беше која во мечтата своја.

Ја воведе в црков отецот во вера, рисјанка да биде, доблест од бога низ животот да тера.

Се возвиши во пчела со женскоста зрела, под мајчино крило што ко факел беше,

искрата и огнот низ сепаќа што тлеат, ги чуваше везден со очите што бдеат.


Јавето по сонот ми донесе сон, по сонот повтор јаве да ме двори.

Духот божји од мајчини бедра, по едната и друга Марија ми створи.

Радоста ми блика од втората рожба со светлите очи, низ бистриот поток душава ја лади, ко сестра си своја низ божјите порти рисјанската вера од бога ја прими,

ко мајчината и таткова моја, и таа ја сплоти во женскоста своја.

Две Марии,еден човек и една жена, низ вителот суров, и беспаќа стрми, со вознесот од белило што на соне ми се виде, не крена во небо да лебдиме мирно,

ко зраци низ облак в плаветнило ширно.


Април, 21 2016

КОНТЕСА


Бисер зрно,капка роса,з'бун срма везена, кротка плима дојде на песокот бистар сјајна бела слезена.

Лебед,сокол и врелото гнездо од небето ли беше ова зрно везено, од крилјата нивни таму долу слезено во љубовта нивна тивко кротко влезено.


Помислив на сонце, помислив на звезда, во помисла моја слезе честичка од негде,

ме ороси и бликна пој од рајска птица муштулук да земев, птица ќе спремев да донесам глас со радост и исправен стас.

Каде зрното одеше, дали негде,дали сама,дал соколот и лебедотја демнеа од страна,

Во помисла моја стално звони звонце, знам дека со крилја ќе засветат ко сонце.

Треперат во ветрот сонце што ги жари, исчезна и стравот низ сртот што се шетал, Лебедот и Сокол беа ем Икар ем Дедал.


ја видоа Неда во пламенот радост како Ана гледа.


Виденото беше,виденото ќе биде, годината ко денот ќе ита и напред ќе иде, во радост и спокој,женското чедо сплотено ќе биде.


Април,20 2016

ЕЛЕН,ЕЛЕНА,ОД СЕДЕФОТ БЕЛЕНА. МИХАЕЛ БЕЛ,БЕЛЕН, ОД СЕДЕФОТ БЕЛ ВО БЕЛИЛО ВСЕЛЕН. АНДЕЈ ОД БЕЛИЛО ВРЕЛО, СЕДЕФОТ ГО ПРЕТВОРИ ВО ЕДНО БЕЛО ЦЕЛО.

Радоста на врата тропна, две зрна се склопија во низа кој од таму дошол низ духот што свети, божилата остри и светила клети, ќе всидри во себе се што силно свети.

Возвишено скита тој што таму ита, заедно во бескрај со чунот ќе плови, божјите плодој со сласт и радост везден ќе ги лови.

Роди се зрно, роси се во спокој и црковна миса, родот да тече, низ жилите крвта везден ко да плива, бескрајот да стаса кај радоста жива.


Април 19, 2016

Во длабока сенка се всидрија очи,

слеани во копнеж што љубовта ја точи,

Застанав,ги видов и сетив бол што душава ја дрзна,

од одамна болката не ми била дива и страста во огон

што пак почна да плива.

Во мигот што ко молња мина

ја сочував неа од погледот кој низ светлост згина.

Каде ли оди,дали ќе се врати

оној древен одор во душава моја

што љубовта од бога ја вознесе во дарот

ко некој да го грабна што го фрлив зарот?

Сенката по сонцето секогаш се движи,

кон мене повторно одорот се ближи.

КАДЕ ЛИ ДА ОДАМ?

ВО СВЕТЛОТО ЈАРКО,СОНЦЕТО ЖАРКО,

ЉУБОВТА ПОД СЕНКА...

НЕ!

ОТИДОВ ВО ЈАТОТО ПТИЦИ КРИЛЈА ШТО ВИЈАТ,

САМ ВО ЛЕТОТ СЕНКА ЗА ДА БДИЈАМ,,ДА ЛЕТАМ ВО НЕБО

СОКОЛ,ЈАСТРЕБ,ГОЛАБ ДА СЕ СТОРАМ,

ВО ВИШНИТЕ ЗРАЦИ ВО БЕСКРАЈ ДА ДОПРАМ,

СПОКОЈОТ ОД НЕМИР ТАМУ ДА ГО СОПРАМ.

Повторно почна да ме прати,

Знам во дамнина повтор ќе ме врати

ке видам вторпат со истиве очи,

за небесе во мене радост да ми крочи.


Април, 18 2016

Веќе косата му беше била оседена а лицето запалено од сонцето што го грееше внатре во неговото срце исполнето со радост и неспокој водејќи го да ита по реката што водеше надвор од немирот кој го следеше со сончевите зраци,сакајќи да ја допре нитката на сопственото спокојство налик на беспрекорното устројство на универзумот.


Беше сам пред сонцето а сјајот му го заматуваше погледот сакајќи да го затемни но не можеше да успее да го одвлече од длабочината на бескрајноста на неговата мисла која заедно со светлината се движеше во вселената. Беше тивко се во него.


Таа беше црнка а другата плава. Рожби засекогаш вткаени во гнездото на неговото срце,весели,длабокоумни зрели и достоинствени девојки.Неговите ќерки.


Татко,веќе ми го определија датумот на дипломското шоу,ќе излага целата наша класа! Спремај се,те чекаме.

Доаѓам,чекам веќе две години.


Го обзема силно чувство на набој од чудесна топлина.

Непрестано трепереше во него брзајќи да дојде мигот на радоста која отпочна да блика во него.

Таа веќе ги привршуваше последните работи на својата инсталација за дипломското шоу а тој го гушеше во себе нетрпението да стаса денот кога ќе бидат заедно.

Уште пред време почна да се спрема да го допре чувството на топла радост во душата.

Некој зазвони на вратата. Курирот му предаде пратка:

Вашата апликација за Виза е одбиена.”


Одеднаш го шибна камшикот на неговите плеќи чувствувајќи ја болката напред во неговите гради.

Се дрзнаа да му ја одземат радоста што тлееше во неговиот спокој чекајќи да го стаса и да изблика тивко и мирно онаму кад беше со намера да оди. Татко,ќе се видиме дома. Ја почувствува нејзината блага насмевка тивко бдеејќи што ќе каже.

Остана да стои пред сонцето а сјајот му го заматуваше погледот сакајќи да го затемни но не можеше да успее да го одвлече од длабочината на бескрајноста на неговата мисла која заедно со светлината се движеше молскавично брзо стасувајќи да дојде блиску до чувтсвото на спокојтсво и мир.

Таа знаеше дека ќе биде таму со неа допловен со светлината на неговата радост.


Веќе косата му беше била оседена а лицето запалено од сонцето што го грееше внатре во неговото срце исполнето со радост водејќи го да ита по реката што го водеше со сончевите зраци. Ја допре нитката на сопственото спокојство налик на беспрекорното устројство на универзумот и втона во мислите кои беа таму чекајќи го нејзиното Шоу.

Знаеше дека ќе биде среќна и сосем најпосле го смири треперењето на своите чувства. И тој беше таму..


Александар Јуни, 2014

Звони од камбана звоно

рој од копнеж под крстот се збира

од никаде некаде на жезолот слета

бел голаб застана под небе

во душите наши да те стави Тебе...


Од каменот капна роса

секој пред крстот се стори во камен

за копнежот навек да гори во пламен...


Се јави и виде камења што бдеат

ладот под нозе да почнат да го греат...


Камен ли беше ил исконски сон

што секого од нив го стави на трон...


Белегот во срце секој си го сплоти

неговиот ветрец в душа да го кроти...


Јануари, 20 2016 Св.Јован

Каде кружи во зеленилото и пупките од булки,уште непроцветани? Го гледа ли цветот на една магија? Жолт цвет со бели лисја се простира ширум низ поле колку окото достасува да го види. Ја задржа капката роса во раката што и се слеа од листот на магијата.....

Мугри!

Сончев зрак како молња прострела низ ветрот што го дуваше нејзиното запалено лице,,,,Го чекаше тоа утро диво изгнездено во изгрејсонце за да го види новото по денот што минал.

Оддалеку ја гледав седнат под сламениот покрив на кафеаната,нејзините жарки очи,едри гради,насмевка засрамена од убавината што ја криеше дури и од себе си.

Ја земав чашата,го накренав мојот пијалок а цигарата ја запалив пушејќи ја со страст.И уште едно,со уште една за најпосле да и пријдам и ја почувствувам нејзината миризлива благост и убавина.Мирисаше на темјан......

Ме познаваше поодамна, и ја познавав поодамна....

Темјанот не слеа во ведрина и страст,каде ли бев а каде таа беше во онаа мугра магија што створидивина што здаде,сонце што утрото пред денот почна да го двори?

Цветот од булка изникнал под храст,сокот на вител од страсвениот спојсакав да биде и нејзин,не само мој.

Ме спои во едно,

бескрај се створи и никој од нас двајца немаше за вознесот што да збори.

Го голтнав и последниот пијалок ги отворив очите а мугрите уште беа тука.

Тивко во спокој раширија зраци без да кренат бука.

Во песната таа згина заедно со листот од детелината што ми го скина.


Јули, 12 2015

Каде се придвижи?Застана и седна крај брегот од езерото над кое се разлеваше месечев зрак што го замени сончевиот кој веќе тивко пловеше некаде на тоа исто место итајќи да се стаса себеси и да ја обои ноќта во исчезнатиот сончев сјај.

Се молсна и погледна во небото над кое сјајеа звездите треперејќи една пред друга и секоја по другата а водата беше тивка и спокојна,мирно сликајќи ја месечевата светлина.

Помина велосипед покрај патот и ја замисли....Оди ли некаде или се враќа,кога ли отишол а каде ќе се врати? Еј, кога би можел да го вози велосипедот вртејќи го предното колило назад а задното напред,би стасал ли некаде од каде тргнал или веќе ќе беше стасан каде што веќе стигна?

Одеднаш се стана мирно.Бескрајот ја обзеде обидувајќи се да го стаса а тој неумитно иташе пред себе си неможејќи да се стигне.

Го погледна часовникот сакајќи да го сопре механизмот кој ја придвижуваше сказалката која стоеше вртејќи во место.....не,не, се движеше во времето кое во бескрај стоеше во место?

Се сепна од помислата за патот на една летечка птичка која го носеше постојано при летот часовникот со себе летајќи,спокојна во бескрајот без да знае дека секогаш ќе стаса на тоа место.

Веќе звездите беа високо а една светулка силно светна и згасна како звезда на небото навлекувајќи ја на чувството на центар во универзумот набљудувајќи ја природата од несватливиот агол на безвременост во бескрајниот простор додека часовникот вртеше во место,птичката леташе а велосипедот го вртеше предното тркало назад а задното напред.

Мислата и се придвижи во космосот обземајќи се со природното сознание дека молскавично и патува низ бескрајот кој никогаш не ќе ја стаса.

Спокојно стана слушајќи ја тишината на ноќта,задоволно се насмевна и замина.....


7 Декември 2015

СТРУГА


Дал од облак се здаде

ил небесно плаветнило со езеро се спои,

врие ли или исчезнаа сите бисерни бои?


Тивко во бранот се ниша,гуза, лебед, зракот ѕирка,

блеска сонце,се слушна и црковна миса.


Не, се е тука и штурец, и норче и тихата плима,

сега и навек во лето и зима,

струшката лоза низ жилите тече,

и во денот и во ноќта бескрајот ја влече.


Жнејте струшки српој,посејте и семе,

да не може никој утре да го земе.


Јули, 12 2015

Го виде!

Скриен во пепел на загаснат оган.

Жар што тлеел!

Се изроди врз судбата на огнот што скриено го бдеел.

Се расцепи земја,го проголта огнот

над водата ветрец започна да дува,

но остана жарот ветрец да го чува.


Се распламти жарот во спокоен оган,

за в пеплишта повтор жарој да се кријат,

оган,земја,вода,ветрец, кој каде ќе вплива,

под сонцето јарко повтор за да бдијат.

Ветришта од бескрај се всидрија над вода,

земја зрак од сонце продолжи да впива,

времето што стои здрвено во камен,

секогаш ќе раѓа жарој во нов пламен.


Окото што гледа се и сешто виде

секогаш и сегде виденото да биде.

Во радоста тага,во чемерот лага,

ме вознесе спокој по жарот што трага.


8 Ноември 2015

Беше таква каква што отсекогаш ја знам. Длабока,темно-златна лавина од блага длабоко силна заносна болка. Секогаш ме исполнуваше со тоа незаборавно чувство на оддалеченост од радоста,смеата обземајќи се со копнеж да се доближам до нив како да не сум ги сетил или пак заборавил.

Ја однесе денот и отиде за повторно да се врати.

Направив еден чекор за да излезам од летото,кога одеднаш лисјата почнаа да паѓаат без да се сетат кога пробликаа во јасното зеленило на пролетта.

И овој пат пак влегов во Есента.Тукушто младата есен протрча падна капка,се смрзна и стопи од зракот на јаркото сончево златило.Ме заплиска белината на младоста на мојата душа и се сетив дека ме вплови во радоста на една Зима.Се всади во езгрото на нишката што врви во вителот на чекорот кој го газам.

Дали беше и онаа есен Зима?

ЕСЕН!

Убава е!

Какви утра носи есента,обвиени со тајна која не би можела да се открие.Колку ли години поминаа за да се сетам дека Есента ми донесе Пролет во часот кога си отиде тоа утро оставајќи ме во чувството на копнеж кој исчезна како капката вода во морето што мирно лежи на нашата мајка земја.

Жестоки се нејзините бедра на занес,гради со животни сокови и небо со облак кој ја затскрива зрелата смоква и листот кој ја покрива.

Ме обзема длабоко сржта од длабочината на есенсиот притаен,жолт,златен залез на сонцето кое почнува да го крие гнездото на една птица. Го сакам ова чувство кое не се случува никогаш освен кога се случи есента.


Дојде ЗИМА!


Расна,полна со снег кој ме покри и откри светлина во длабочината на искрата која тлее во мојата срж,и наместо да ја запрета ја обви во звоно за да ја чува во денот и ноќта од ветриштата кој вијат во овој ден се нешто што носи,годината што не носи.


Длабока патека на порив од силното чувство на светлоста која се завитка во моите исконски мисли завладеа во спокојот на пејсажот од зимската глетка.


И оваа Зима ја замени Есента. Во оваа Зима Есента веќе не ќе се врати.

А снегот беше толку бел што го грееше ладот а ноќта ја белееше и белееше чекајќи го денот да стане посветол од ноќта. Светлината дојде среде зима бритко сечејќи го јазолот со камен кој остана далеку од таму кај онаа есен што не ќе се врати. Бев заедно со Зимата....сакам да ја гледам разголено гола


8 Ноември 2015

Го затвори под агол брегот што го крие,

миризлив и буен го покри за никој да не врие.


Бујни и едри останаа бреговата нива

и бедрата од риба без коски што плива.


Занес,залез,сонце,страсно витло низ крвта ни тече,

бујно е, со сокови низ крвта не влече.


Врелина ме обли во страста од камен,

капка од роса и зароси коса,окото и игра,

усните се грчат,воздишка од сласт се разлеа во пламен.


Жена од жезол во езгрото врие,ми навира плач кој не ќе се скрие!


8 Ноември 2015

Pathway Under Clouds And Blue Sky

Од лозата се прави вино....нашиот дом го краси трева,,,

Но сепак има една лозница со старите корени која стално ја одгледува еден старец,пуштила два чатали во жилите да тече црвенкасто кон бордо и жолто кон плаво убаво питко вино.

Кога би можел старецот да ги развие жилите на виновата лоза,сите би се напиле и би биле удостоени со сладострасното бордо црвено и жолто плавото примамливо вино.

Виното се здало по голтка да се впива и во животната срж да се слива.

Сенката пак под крушата крива никако да пушти сонцето да вплива.

Кога во виното не погледнав каква боја беше, ја најдов во ќошот од кругот се скрила, прозирна чаша,зедов еден грозд го исцедив во неа,го почекав да созрее и најпосле видов дека ни старецот не знае за кого лозата ја бдее.

Гроздот се стори во вино,ме заслади и опи од стисокот на моите раце...беше касно да почнам да пијам од жилите на виновата лоза, но знам не згрешив од гроздот што ни обоен беше ниту под сенката од круша слеан, да надигнам чаша и испијам вино црно здробено со моите десет прсти од два-три гроздови грсти.

Ме дочека сладострасен миг и сомнеж што ме брсти, ќе здробам ли и друг грозд со моите десет прсти?

Сомнежот пред да се вгнезди веднаш згина, а мојата рака вториот грозд го скина и никој ништо не ни рече,ни старецот кој лозата ја бдее во грлата од плодот вино да се слее.

Беше и пролет, помина и лето, есента пред прагот ја пресретна зима а земјава никако да дојде до некоја поинаква клима.

Се сетив на летот во место,,,,Карусел :

влезени во кругот тој само се врти, виновата лоза сортните вина од бербите ги крие,ден за ден до денот ќе дојде од сонце и ветер и самата да згние!

Доаѓа ли денот ноќта да ја бдее, без тоа вино да може да тлее?

Светло силно свети, раскошот и презир не остави бедни, за лагата од вино никој не се вредни.

Каскам задоволно низ виулиците од една пролет, до летото за есента да ја испратам пред зима, и знам, знам наидува клима за во неа и нас да не има.

Не ќе згине искрата на доблест од достоен поглед кон домот во трева, се назира игла до врвот во јамка, се рушат и зидој што немаа уши, се како да плива во водата дива.

Виновата лоза гроздови раѓа, секогаш со есента и листот и паѓа.


Август, 18 2015

Close-up of a Woman's Eyes

БИСТРИ ОЧИ


Сено, сено покосено засеано што беше

од семка семе никој што не смее да земе

го пожнеав со сорот и рацете десет прсти,

го оставив во поле да пожолти златно

и отидов да снишам часовник со клатно.


Коњи вранци,бел,црн и црвен

во кас ги сјавав и го фрлив мојот прстен скрвен.


Вранецот црвен подзастана,

се наведна и го клоцна еден дукат дрвен.


Ми навира радост и вознес и полет,

семе што сум сеел стана бујно во вечната пролет.

Двете очи бистри се ко поток,

потомството мое ме направи кроток.


Дукатот дрвен, од што ли беше црвен

не беше ни злато ни драгоцен камен,

се претвори само во изгаснат пламен.


Се зароди нова зора,сеното се суши,

српот жнее,

низ мислата моја гласот нејзин тлее.


8 Ноември 2015

Сите права се задржани All rights reserved